23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Критично на потегот на превојот Плетвар, во селото Ракле пожарот стигнал до црквата, состојба со пожарите до 8 часот

Според информациите од Центарот за управање со кризи во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во с.Ракле останати се уште 5 лица, а интервенираат 7 пожарникари од ТППЕ Прилеп и 10 лица од месно население. Околу 19:45 часот добиена е информација дека пожарот го префрлил регионалниот пат Прилеп – Градско и се шири кон с.Радобил. Пожар на потегот с.Дрен – с.Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. Интервенираат 3 пожарникари на ТППЕ Прилеп и 2 лица од месно население, како и 7 вработени од ШС Црн Бор Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Пристигнаа брзите тестови за Ковид 19

Конгресот во Смилево 1903 та го означи Денот на македонската полиција

Утре поскапува лебот во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе