30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

При полициска сообраќајна контрола двајца приведени во Прилеп

Од полицискиот билтен две информации за приведувања за возење под дејство на алкохол и за агресивно однесување кон полициските службеници:

На 01.05.2026 во 18:55 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.П.(52) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „опел” со пробиштипски регистарски ознаки управувано од Г.П. при што констатирано било дека истиот го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.98 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок.

На 02.05.2026 во 00:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Н. од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.Н. при што истиот за цело време ги омаловажувал и упатувал закани кон полициските службеници. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок .

Би можело да ве интересира

Втор ден гори кај прилепско с. Смолани

Полицијата денеска уапси две лица кои се заканувале со пиштол

Пела Редакција

За 7 часа контрола во Прилеп санкционирани 34 возачи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе