25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Пукање во центарот на Прилеп

Тројца прилепчани биле приведени, откако натепале свој сограѓанин, му се заканувале со оружје, а и пукале.

Како што соопшти МВР, утрово од 3.20 до03.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.С.(31) ,В.Г.(30) и Б.Б.(24), сите од Прилеп, затоа што претходно на бул.„Гоце Делчев“, по кратка расправија, физички го нападнале В.Н.(28) од Прилеп, а еден од нив му се заканил со пиштол, по што испукал неколку куршуми во воздух и во земја.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тепачка на 8 малолетници во Точила го нарушил јавниот мир

Починала 35 годишна родилка во прилепската болница

Фрлена рачна бомба во двор во Десово, повредени нема

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе