5.3 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

30 години независност низ призмата на првиот градоначалник на Прилеп, Илија Димоски Шаторо (Видео)

 

  • Најзначајната придобивка од 30 години независност е 8-ми Септември и референдумот !
  • Првите македонски пари “статери“ изпечатени во Прилеп!
  • Малку требеше да се создаде нов воен конфлик на Балкнот помеѓу ЈНА и македонскиот народ – ни пренесува дел од сеќавањата, Илија Димоски Шаторот во својата приказна, за Македонија кага е на прагот да стане независа, суверена и самостојана држава..

Македонија денеска бележи три децении независност, три децении реалност на историскиот сон на македонскиот народ за самостојна држава. „ 8-ми Септември и изгласувањето на референдумот за независна,  суверена и самостојна држава е најзначајната придобивка во овие 30 годинишна независност на Макдонија. Тој, 8-ми септември 1991 година преставуваше ден на заокружување на вековната борба на македонскиот народ низ историјата за добивање на национална самобитност и државна независност„ .- раскажува првиот градоначалник на Прилеп (тогаш Претседател на Собранието на општина Прилеп) , Илија Димоски Шаторо,  по повод 30 години од независноста на Македонија.

„На референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно се изјаснија 95,09 отсто од излезените граѓани, или 72,16 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас, за суверена и самостојна македонска држава под името Република Македонија. По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собраа на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, а над 4 000 граѓани на Прилеп се собраа да ја прослават независноста пред зградата на (сега на старата)  општина Прилеп.

„Тука во градот на не покорот, Прилеп, се испечатија и првите македонски пари т.н „статери“ кои потоа се именуваа во денари.  Но, првите македонски пари,  првата македонска валута, се „роди„ во Прилеп, во печатницата 11-ти Октомври. Една бнкнота од 10 први т.н „статери„ ја доби првиот претседател на Македонија Киро Глигоров, која кога му ја подарив, ја бакна бакнотата и посака да ни биде вечан“-раскажува Димоски

 

„Југословенската војска сеуште беше во касарната „Мирче Ацев„. Требеше само еден мал момент и да настани конфликт помеѓу нив и луѓето собрани надвор од касарната кои бараа ЈНА да ја напушти касарната. Не требаше многу да се започне воен конфликт. Но, тоа не се случи благодарение што како претседател на Собранието на Прилеп  (градоначалник) стигнав навреме да го спречам инцидентот –  ЈНА да не пука врз собраниот народ и мирно да го собере оружјето и да ја напушти касарната„-  раскажува првиот градоначалник на Прилеп (тогаш Претседател на Собранието на општина Прилеп), Илија Димоски Шаторо, по повод 30 години од независноста на Македонија.  Целот разговор можете да го погледнете тука:

https://www.youtube.com/watch?v=9DLiTmtW5uc&t=136s

Би можело да ве интересира

Денот на мудрата и силна жена

Елизабета Филипоска

Како и кога започна Пивофестот во Прилеп?!

Гордана Цветаноска

Интервју со Никола Мариноски: „Увозот„ на работна сила е само едно од решенијата за надополнување на недостигот на работници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе