Започна и ракометното натпреварување во машката Супер ракометна лига, каде РК Прилеп замина на гости во Скопје, со желба за победа , но само малку фалеше тоа да се ралаизира , Бутел-Прилеп 28:27 (13:14). Во драматичен натпревар од 1. коло на ракометната машка Супер лига, во Скопје,екипата на Бутел со минимални 28:27 постигна победа над Прилеп.
Мора да се каже дека прилепскиот тим беше поблиску до победата. На полувреме водеше со 14:13, а и во вториот дел се беше по планот на тренерот Горан Кузманоски, практично до самиот финиш. Драмата се случи по водството од 27:25 за Прилеп. До крајот не беше постигнат ниту еден во полза на гостите, а примени три гола.
При 27:27 Прилеп организираше напад, се чинеше дека има најмалку нерешено в џеб, но топката им беше доделена на домашните. Во последните секунди од мечот Бутел постигна победоносен гол и конечниот резултат е 28:27.
Следниот меч, од 2. коло е Прилеп – Металург, в среда во 18.30 часот,во салата на СОУ Ристе Ристески Ричко