4 C
Прилеп
понеделник, 17 февруари, 2025
Пела Радио

Синфониски концерт за деца „„Петре и волкот“

На 17 септември 2021 /петок/ од 19.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведен симфонискиот концерт за деца „Петре и волкот“. Диригент е Борјан Цанев, наратор Мартин Јорданоски. Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат во четврток од 10 до 12 ч. и во петок од 10 до 12 ч. и од 17 до 19.00 часот.
Ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од корона вирусот.

Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. Наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.

Гостувањето на НУ Филхармонија на РСМ во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите.

Би можело да ве интересира

Здружението Преродба во хуманитарна акција за Марко

Пела Редакција

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Пела Редакција

(ВИДЕО) На платото во храмот „св. Петка“ маестрален концерт за паметење на Драган и Ратко Даутовски и Андријана Јаневска

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе