30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Модуларната болница цел на вандализам- со хебла оштетена таблата за струја

Од Општа болница „Борка Талески„ – Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа било пријавено физичко оштетување на таблата за електрична енергија од модуларната болница,  соопштија од Министерство за здравство.

– Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата – стои во соопштението  од Министерство за здравство.

Во модуларната болница во Прилеп има хоспитализирано 17 пациенти. Она што се случило, за среќа, не довело да  загрозување на животот на пациентите сместени во болницата. Министерството за здравство апелира до надлежните институции за  побрзо расчистување на случајот

Би можело да ве интересира

Малолетници од Прилеп ограбиле златара и две продавници

Пела Редакција

Исчезнала 19 г . Прилепчанка – тело на маж во распаѓање пронајдено кај с. Слпече

Казна за 25 прилепчани поради непочитување на полицискиот час

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе