7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Илиеска: „Зелената агенда“ на СДСМ и Коалицијата има значајно место во изборната програма

Со изјава за јавноста денеска се произнесе Моника Грашеска Илиеска, носител на кандидатска листа за советници за Прилеп од редовите на СДСМ и Коалицијата. Темите од сферата на заштитата на животната средина се прашањата  кои се опфатени во програмата за работа на оваа политичка партија доколку ја добијат довербата од граѓаните на претстојните локални избори. Ја пренесуваме изјавата во целост:

„Почитувани, загадувањето на животната средина е генерален проблем со кој се соочува човештвото. Во насока на нејзино зачувување, во изминатите 4 години актуелната локална власт предводена од СДСМ презеде низа конкретни мерки.

  • Целосно изградена и ставена во употреба Пречистителната станица за урбани отпадни води;
  • Набавени нови еколошки автобуси на метан за потребите на градскиот превоз;
  • Поставени фотоволтаици на покривот од прилепскиот пазар за производство на електрична енергија од обновливи извори;
  • Изработена термоизолациона фасада, со што е драстично зголемена енергетската ефикасност во Гимназијата „Мирче Ацев“;
  • Набавени специјални возила за подигање на комуналниот отпад.

Како резултат на овие и многу други реализирани мерки, во 2018 година Прилеп беше прогласен за најеколошки град во нашата земја.

Во изборната програма со која излегуваме пред граѓаните, го продолжуваме започнатиот тренд на водење грижа и заштита на животната средина.

За таа цел, нудиме ново функционално и естетско уредување на енергетско-ефикасни фасади на станбени згради во централното градско подрачје, но и во станбените населби во останатите делови од градот.

Од причина што покривите на јавните објекти кои се во сопственост на Општина Прилеп не се променети повеќе децении, започнуваме со нивна замена со фотоволтаични покривни конструкции кои ќе произведуваат електрична енергија за самите објекти, согласно трендовите на „Зелената агенда“ за Западен Балкан.

За потребите на ЈКП „Комуналец“, планирана е набавка на специјални велосипеди со корпа за отпадоци, како и поставување на подземни контејнери за одлагање на отпад, со можност за негова селекција.

Ја продолжуваме праксата на субвенционирање на дел од средствата на граѓаните за набавка на инвертори и велосипеди, а со изградбата на велосипедски патеки на новите булеварски решенија ќе ги мотивираме граѓаните на уште поголемо и позачестено користење на велосипедот, што ќе влијае за намалена употреба на автомобилите и почист воздух за сите нас.

Она што преставува чекор напред во заштитата на животната средина, се планираните нови содржини во „Семејниот парк“. По урнекот и позитивното искуство со уредување на просторот околу Прилепското езеро и изградба на пешачки патеки и спортски терени за рекреација, новоизградениот парк ќе значи директна инвестиција во зачувување на здравјето на нашите сограѓани.

Почитувани,

„Зелената агенда“ на СДСМ и Коалицијата има значајно место на листата на проекти во нашата Програма. Бидејќи зачувувањето на здравјето и животот на луѓето, на секој поединец е, и ќе биде нашиот врвен приоритет, вели Моника Грашеска Илиеска, носител на кандидатска листа за советници за Прилеп од редовите на СДСМ и Коалицијата .

 

Би можело да ве интересира

Јовчески: Пред вас стоиме со гордо крената глава заради нашата чесност и искреност!

Гордана Цветаноска

Ќе го вратиме спортскиот дух на Прилеп

Гордана Цветаноска

„Прилеп ќе добие нов театар, изграден со средства од Владата“, реакција на ОО СДСМ Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе