11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Две изложби во еден ден: изложба на семејството Вујисиќ и изложба на 20 уметници членови на ДЛУП

Утре (15 октомври 2021 /петок/ од 13.30 ч.) во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба од Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Марко Вујисиќ. Станува збор за заедничка изложба на семејството Вујисиќ, поддржана од Министерството за култура.
За творештвото од Мирко Вујисиќ професорот  Др. Срѓан Марковиќ ќе рече:  „Вујисиќ создава визуелен исказ врз чувствител, суптилен колорит во кој се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие… осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичното и визуелно го дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него… Кај Мирко Вујисиќ се препознава ретката особина која подразбира долго одржување на емотиен напон така што идејата не губи на снага низ процесот на реализација. Воспоставува комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата подсвест„
Изложените дела од Лидија Вујииќ се изработени во цртачката техника во пастел. Тематски го заокружува концептот од циклусот насловен како ,, НИЕ ВО ОГЛЕДАЛА,, каде што се представени галерија на ликови од професионалните дејности од сфера на културата : Музика, Актерство и Ликовни уметности
А ,за изложбата од Марко Вујисиќ кустос во Завод и Музеј Охрид М-р Сашо Блажески  вели: „Прецизното рушење на раличните скалила на типови на реалност изразени преку високи хроматски температури и композиционалната напрегнатост визави композиционалната смираност ги бележат примарните ликовни иницијации кај делата на Марко Вујисиќ. Просторност постанува материја на формалните просторни конструкции, каде визијата и креацијата пробудуваат една нова форма на репрезентирање на пејсажите и урбаните средини

 

Утре во 19,30 ќе биде отворена уште една илложба во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ на дела од уметниците – членови на ДЛУП. Ќе бидат изложени 30 дела од над 20 уметници членови на ДЛУП. Изложбата е поддржана од Министерството за култура.

-Одржувајќи го континуитетот на неуморналиковнак реација,членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво. Се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата страст. Културата е нешто што треба да има континуитет и одржување за да може да се пренесе на идните генерации. Па затоа преку уметноста се надевам дека ќе оставиме белег кој ќе биде од општествено и културно значење вели уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП

Би можело да ве интересира

МИКРОМАНИПУЛАЦИИ изложба од Владимир Здравески во ЦК Марко Цепенков

Елизабета Филипоска

Отворена изложбата  “Под нулата”

Со „Градски приказни“започнува Прилепско културно лето

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе