9.5 C
Прилеп
недела, 27 април, 2025
Пела Радио

Сугарески се повлекува од партиските функции

Преку фејсбук статус денеска Горан Сугарески поранешниот министер, пратеник, и кандидат за градоначалник на Прилеп на локалните избори 2021, ги информираше своите сопартијци дека дава оставка од високата партиска функција претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

 

Почитувани,

Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ.

Извршувањето високи партиски и државни функции, покрај другото подразбира и одговорност кон граѓаните и членовите на нашата партија. Во таа насока, оставката претставува мој придонес за што побрза консолидација на партијата и што поскоро враќање на победничките патеки.

Упатувам благодарност на актуелното партиско раководство, како и на сите членови на партијата за укажаната можност да извршувам високи партиски функции, меѓу кои и последната, претседател и член на Надзорниот одбор.

Јас сум социјалдемократ, секогаш тоа и ќе бидам. Останувам верен на партијата и се ставам на располагање за било каков понатамошен ангажман, објави Горан Сугарески на социјалната мрежа Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: наскоро, кривични пријави за сторен криминал од локалната власт на СДСМ и градоначалникот Јованоски

Гордана Цветаноска

Проданоски: Претседателот на Совет да свика итна седница!!!

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Проданоски: Од 3, а на некои избирачки места и до 5 пати е разликата во гласови во корист на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе