25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Малолетничка повредена во сообрајќајка на ул.„А.Македонски“

Рано утрово , 08.11.2021,  во 03.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од Прилеп.

Во несреќата, со тешки телесни се здобиле сопатниците во „хјундаи“, Н.А.(42) и малолетничка, двајцата од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Фатен како „оперира“ во автомобил

Сообраќајна незгода – повреден 16 годишнак кој управувал мопед

Поради примање поткуп приведена е земјоделска инспекторка од Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе