3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепските стопанственици на работна средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ

   На иницијатива на локалната самоуправа Прилеп денеска се реализираше работна средба со претставници и членови од Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп, на која присуствуваше градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пратениците Ане Лашкоска и Петар Ристески и претседателот на Совет на општина Прилеп Дејан Проданоски. Соработката со стопанствениците ќе продолжи нагласи градоначалникот Јовчески:

Јовчески: Локалната економска соработка носи прогрес и нови работни места  

-„Денес остваривме работна средба на иницијатива на локалната самоуправа на Општина Прилеп во соработка со регионалната стопанска комора којашто покажа навистина голема заинтересираност. Се уверивме за тековните проблеми со коишто се соочуваат секојдневно во доменот на нивното делување. Перспективата на локалната самоуправа ја гледам во соработка и развој преку локалната економска соработка која би била голем прогрес како отворање на нови работни места и нови инвестиции. Се во интерес на граѓаните на општина Прилеп“, рече Јовчески.

На средбата биле детектирани проблемите со кои стопанствениците од регионот се среќаваат во своето работење, за што, како што посочи Мицкоски се бараат решенија за надминување на потешкотиите во рамки на процедурите и законот, а средбите со претставници од бизнис заедницата ќе продолжат континуирано секој месец во интерес на општината.

Мицкоски: Не смее да има повластени, сите сме исти, сите ги имаме еднаквите права пред законот

-„Од ова што можевме денеска да слушнеме е брутална злоупотреба на позициите на определени лица кои се се уште дел од администрацијата овде во Прилеп, посебно во делот на урбанизмот, во делот на градење, легализацијата, нешто што по закон им припаѓа и покрај што постојат реални законски можности, определени луѓе ја злоупотребувале својата позиција од причини коишто ним се познати и не го почитувале законот. Потоа имаше поплаки во делот на јавните набавки, нешто за што ние како ВМРО-ДПМНЕ и новата администрација овде во општина Прилеп треба да преземеме робусни и итни мерки да се надминат овие проблеми и секој прилепчанец да го добие тоа што му припаѓа по закон. Не смее да има повластени, сите сме исти, сите ги имаме еднаквите права пред законот и сите ние она коешто ни следува и сето она кое со закон ни припаѓа треба да го имаме. Не треба некој да биде над законот и некој да го злоупотребува законот. Така што на мое огромно задоволство и во организација на општина Прилеп, заедно со градоначалникот, претседавачот на Советот и двајцата пратеници од Парламентот, можевме од прво лице да слушнеме какви се очекувањата , но и што било погрешно во минатото, не само од оваа администрација која изминативе 4 години буквално ништо не сработи, туку и порано“, рече Мицкоски и посочи дека очекува ефектите од состанокот да бидат видливи веќе до крајот на годината, а на следната средба да се зборува за развој на Прилеп, за отворање на повеќе добро платени работни места повеќе инфраструктурни проекти, поквалитетно образование.

На новинарско прашање до Мицкоски каков е ставот на партијата во врска со преговорите со Бугарија на акуелната власт тој порача дека: ВМРО- ДПМНЕ нема да прифати договор со Бугарија доколку Заев го потпише,  и дека таков евентуален договор, направен во заминување, може да има несогледливи последици за Македонија.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Доделени наградите „3-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Прилеп

Гордана Цветаноска

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп го промовираше ајкос и во Македонија

Гордана Цветаноска

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Прилеп одбележува 78 години од Денот на конечното ослободување од фашизмот, 3 ти Ноември

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе