25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Донација за народната кујна во Крушево за еден месец топли оброци за социјално загрозените лица

Хотелот Панорама и ски центарот Алто донираа храна за народната кујна во Крушево, сместена во зградата на детската градинка “Гонча Туфа”.  Со донацијата се обезбедува храна, топол оброк за еден месец за 67 лица од социјално ранливи категории од Крушево.

Овие лица, корисници на народната кујна, единствен излез или минимум услов за опстанок им е токму топлиот оброк што го добиваат еднаш дневно, секој ден во неделата.

„Донираната храна ќе обезбеди оброци за цел еден месец за сите корисници на народната кујна во Крушево.“, истакна градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, заблагодарувајќи му се на донаторот за оваа донација на на храна, а за донацијата се заблагодари и директорката на детската градинка „Гонча Туфа“,  Мери Христоска во чиј состав е сместена народната кујна во Крушево.

 

Би можело да ве интересира

Сојузот на борци формира општинска организација во Крушево, ќе работиме на промоција и заштита на наследството

Единствени ученици на “Биеналната Меѓународна Графичка Изложба” во Полска беа тројца, од СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево

Туристичко Крушево очекува над 3 илјади гости со параглајдинг натпреварите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе