3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Николоски: Доколку не се исплатат субвенциите за тутун, лично ќе ги предводам протестите!

При денешната посета на Прилеп потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, упати апел до власта за итна исплата на субвенциите за тутунарите. Воедно, тој посочи дека задоцнувањето на исплатата е свесно удирање врз земјоделците, заедно со предложените законски измени од опозицијата за забраната за увоз на тутун кои не беа прифатени во Собранието што причинува дополнителна штета врз производството на тутун.

„Би сакал да апелирам да се исплатат субвенциите за тутунот, затоа што тутунарите го заслужуваат тоа. Знаеме што се’ се случуваше со откупот минатата година кога не беа вреднувани класите на тутунот онака како што одговара и кога не беше исплаќано онолку колку што е реална вредност на тутунот, а  дополнително и основните цени беа спуштени, на тоа уште да не се исплаќаат субвенциите тоа е свесно удирање во земјоделците и производството на тутун. Затоа што власта не сака да запре со увозот на тутун и го одби нашиот предлог на закон, со кој што, предложивме да се забрани увоз на тутун во Македонија се’ додека не се откупи целосното производство на домашниот тутун. Даваа различни образложенија зошто треба да има увоз но, во суштина зошто треба да има увоз македонските земјоделци со тоа што нема редовен откуп и со тоа што не може да пристојно, нормално живеат и функционираат, рече Николоски.

На новинарско прашање: што ќе направи опозицијата доколку не се исплатат субвенциите за тутун во период на инвестиции и расадување, а станува збор 30 илјади семејства, од кои најголем дел од регионов, Николовски меѓу другото рече дека Македонија била единствена држава во светот, каде што за проблемите на власта била виновна опозицијата.

„Во однос на тутунарите ние сме постајано со нив. Од тука сакам да одадам признание и на пратениците тука од Прилеп кои што се постојано во комуникација со тутунарите. Ние предлагавме законски решенија кои што ние како опозиција е тоа што можеме да го направиме, кои што сметаме дека се добри. Доколку продолжи овој однос, еве да најавам и на Ковачевски и на Љупчо Николовски дека лично јас ќе ги предводам протестите на тутунарите заедно со пратениците, градоначалникот и со цел народ кој што сака да дојде и да ни се приклучи затоа што ова е подбивање со цел еден град и со цел регион,“ посочи Николоски од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

Пела Редакција

Прилепските кандидати за пратеници од ВМРО ДПМНЕ побараа од прилепчани масовна излезност на изборите

Пела Редакција

ОО на СДСМ Прилеп избра ново локално раководство за подобри политики во интерес на сите граѓани на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе