30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Хуманоста на дело – Крводарителска акција во прилепскиот затвор (фото)

Во Казнено поправниот дом Прилеп се одржа крводарителска акција во кој доброволно крв даруваа припадниците на полицијата и вработените. Акцијата беше организирана од страна на Црвениот крст Прилеп во соработка со Завод за транзфузиологија Прилеп, во спомен и чест на прерано починатите полицајци, нивни колеги, вработните од Казнено поправниот дом Прилеп,  Деан Конески и Мице Чапкуноски.

.

На крводарителската акција се оѕваа сите колеги, кои не себично ја даруваа својата крв која може да спаси нечии живот и активно зедоа учество во оваа хуманитарна крводарителска акција. Се надевам дека оваа крводарителска акција во КПД Прилеп ќе стане традиционална„ – истакна  Александар Дамеск, директор на Казнено поправниот дом во Прилеп

Акцијата беше реализирана во просторите на КПД-  Прилеп

Би можело да ве интересира

Поплавен магистралниот пат Прилеп-Битола каj Ново Лагово, поплавени дворови

Пела Редакција

Витаминка донира товарно возило за ТППЕ Прилеп

(Видео) Внимателно на Плетвар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе