5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Одбележани 101 година од погибијата на Ѓорче Петров

Денеска во Прилеп се одбележаа 101 година од убиството на идеологот на македонската револуционерна борба, Ѓорче Петров. Со пиетет кон ликот и делото на револуционерот, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации од Општина Прилеп, претставници на Советот на општина Прилеп, на Средното општинско училиште кое го носи неговото име, на Сојузот на борци – Прилеп и на политички парти, пред споменикот на Ѓорче Петров во центарот на градот. Ѓорче Петров е симбол на нашиот непокор, на нашата битка и заложба за зачувување на македонскиот идентитет и во интерес на вистината, македонската држава и македонскиот народ, во таа прилика посочи Дејан Проданоски, претседател на Советот на општина Прилеп.

„Денеска сме тука пред споменикот на еден од најголемите ликови кој што Прилеп го дал, тој е идеологот, публицист, новинар и професор Ѓорче Петров. Одбележуваме 101 година од смртта. Еден од најзначајните ликови не само за Прилеп, туку и за Македонија затоа што сериозно се вградил во формирањето на револуционерната организација и борбата до крајот на својот живот за самостојна Македонија. Единствениот начин да им се оддолжиме на овие дејци од минатото, кои што целиот свој живот го вградиле во идејата за самостојна Македонија е токму ова – да го испочитуваме нивното дело, затоа што навистина во едни тешки услови работеле, се бореле, функционирале се’ во името за една цел која што и денеска стои, и е исправена пред некои предизвици, а тоа е независна, суверена Република Македонија,“ рече Проданоски.

Ѓорче Петров, (неговото целосно име е Георги Петров Николов) бил професор, публицист, историчар, идеолог на: Македонската револуционерна организација. Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип. Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО. Член на Централен комитет на МРО. Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија(1897–1901). Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.
Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Ѓорче Петров бил убиен на 21 јуни 1921 година во Софија, Бугарија.

Би можело да ве интересира

Одводен канал за атмосферска вода – нов значаен инфраструктурен проект на ЈКП В и К

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (67)

Пела Редакција

Плетвар кај клисурите прооден – Прилепска река надојдена – (Видео) Патот кај Бегова ливада, езеро

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе