3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Обвинителството извршило увид, Ристески вели дека се работи за спрега од криминал и политика (ВИДЕО)

Обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп денеска извршил увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески од Прилеп.

„По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото“, информираат од Обвинителството.

Пратеникот Ристески во изјава за медиумите, вели дека немал расправии со никого, ниту имал закани, и единствено се сомнева дека станува збор за заплашување поради неговата идеологија и јавно изразени ставови во врска со „францускиот предлог“ и отворањето на Уставот.

Нема никој ниту да ме поколеба, ниту да ме заплаши во она што сум го зацртал како идеологија, во она што сум го зацртал како пратеник и за чекорите, постапките по кои постапувам и работам и по кои во иднина ќе постапувам. Доколку некој мисли дека може да ме заплаши, да постигне некои цели, во моментот гледате дека се зборува за отворање на Устав, кажав јасно и гласно и тогаш, и по цена на мојот живот нема да го сменувам мојот став, а сега уште помалку.

Ова е гласен чин, уште еднаш ќе повикам, Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, па и премиерот Димитар Ковачевски да видат како се постапува во Прилеп.

Очигледно е дека се работи за некоја спрега на криминал и политика и очигледно е дека јас како пратеник во Собранието на Република Македонија, моите ставови, моите активности им пречат. Барам институциите да постапат и доколку во најбрз можен рок, уште во текот на денов не добијам известување што и како е направено, не се откријат вршителите на овој гнасен чин, ќе сметам дека е ова уште една игра политички мотивирана, вели пратеникот Петар Ристески.

https://youtu.be/BUoUaAIWkjk

Со соопштение излегоа и од СДСМ од каде го осудуваат овој криминален чин, повикуваат на одговорност и очекуваат јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите.

Би можело да ве интересира

(Фото + видео) Алабаковски воодушеви со својата изведба на платото во храмот Св.Петка

Елизабета Филипоска

Пак, се чистеше Дабнички канал од каде се извадени 600м3 отпад

Елизабета Филипоска

Не’ донесоа на рaбот на животот – пензионерските протести продолжуваат

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе