16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Потстанар предизвикал пожар, a момче од с.Обрашани агрeсивно се однесувал во угостителски објект

На 15.05.2025 во 23.10 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.А.(63) од Прилеп поради сомнение за „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичен законик.

Имено, во ОВР Прилеп било пријавено дека тој со запаливо средство предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на Л.Г.(58) од Прилеп, каде што живеел како потстанар. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска, пак, на 16.05.2025 во 01.00 часот во угостителски објект на ул.„Леце Котески” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.М.(19) од с.Обршани затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.

По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Загина возач на патот Крушеани – Обршани

Прилепски дилер приведен во обид да се ослободи од дрогата

За 4 месеци украдени 76 сообраќајни знаци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе