16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

За Илинден посебен режим на сообраќај

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на ден 01 и 02.08.2022 година (понеделник и вторник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден 2022 година во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2022г одина, па се до 22.00 часот на ден 02.08.2022 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани –Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево– место викано „Слива“, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по наведените патни правци во наведениот временски период.

Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформирани полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како исообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно инепречено одвивање на сообраќајот.

 

Би можело да ве интересира

Македонец – снимател награден за својата работа во Австралија

Промоција на книгата „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“ од Каролина Мицевска

Автобуската линија 3 ќе биде во прекин една седмица

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе