11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Тутунарите ќе бараат анекс на договорите за тутун со корегирани повисоки цени

Од новоформираните  тутунски здруженија се обраќаат со известување до институциите и до јавноста,  во врска со актуелната состојба со реколтата, откупните цени, инфлацијата, економската криза и иднината на тутунскиот сектор. Неопходна е корекција со анекси на цените за договорениот тутун, доколку овој земјоделски сектор имаат намера откупувачите и државата да постои во иднина, велат меѓу другото:

Според досегашниот тек на реколтата и информациите од терен кои ги добиваме како здруженија, квалитетот на тутунот од оваа реколта е на високо ниво што уште еднаш ќе се потврди дека не случајно тука на ова парче земја од памтивек се произведувала оваа култура и не залудно го добила името Жолто Злато. НО за жал и покрај зголемениот број на договори, поради климатските влијанија и катастрофалните политики кои се водеа од страна на МЗШВ неколку години наназад во оваа гранка мора да констатираме дека приносите кои оваа година реално ги очекуваме е да се задржат на ланското ниво ,па поради ова ние како новоформирани здруженија ве известуваме дека ќе испратиме барање до МЗШВ и откупувачите каде ќе бараме да се изготви анекс на договорите за тутун со корегирани повисоки цени врз основа на реалните трошоци за производство како и енормно зголемените животни трошоци во оваа реколта.

Доколку МЗШВ И Откупувачите имаат за цел оваа култура и во иднина да ја има на македонските ниви и да го задржат ова производство кое бележи негативен тренд и сѐ помалку ќе го има во иднина, треба да го земат во предвид ова наше барање во интерес на трите засегнати страни:држава, производители и откупувачи.

И за крај :

Само тој што не работел тутун не го знае патот од семе до финален производ, колку внимание, љубов, труд, пот, непроспиени ноќи и финансиски средства треба да се вложат да се произведе 1 килограм сув тутун кој и хипотетички да би достигнал и 280 денари просечна откупна цена, таа вредност ќе биде ништо наспроти се повисоките трошоци за живот и сѐ повисоките производни трошоци,

стои во известувањето од

новоформирани здруженија.

Би можело да ве интересира

Прилеп најзагадениот град во Македонија ?! Мери ли точно новата мерна станица за квалитетот на воздухот?

Елизабета Филипоска

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

За подобар свет – хуманитарен концерт во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе