7.2 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕМА ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (3)

Пишува Зоран Момироски

– ГУГУЧКИТЕ СЕ ВРАТИЈА ОД ГОДИШЕН ОДМОР. ОТКАКО СЕДНАА ВО СОПСТВЕНИТЕ СЕДЕЛА РЕШИЈА ДА ГУГНАТ ЗА ГУЛАБОТ. ВРАБОТИЛ ПАРТИСКИ КАДРИ И РОДНИНИ НА БЛИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ, БИДЕЈЌИ 30 ГОДИНИ ТОА Е ПРАКСА ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО. ПРОБЛЕМ Е ШТО СИТЕ ДОДЕКА СЕ ВО ОПОЗИЦИЈА КРИТИКУВААТ И ВЕТУВААТ ДЕКА ОВОЈ ПРОЦЕС ЌЕ ЗАПРЕ. НО, КОГА ЌЕ ДОЈДАТ НА ВЛАСТ СО ИСТАТА ПРАКСА ПРОДОЛЖУВААТ. А, НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Е ШТО СЕ ВРАБОТУВААТ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА. НИКОЈ НЕ САКА И НЕ ОДИ ДА КОПА И ДА ОТСТАНУВА ДЕФЕКТИ. АКО ГУЛАБО ВРАБОТУВАШЕ  ВАКВИ КАДРИ ВО ПЕЧУРКАРАТА КАДЕ ЌЕ МУ БЕШЕ КРАЈОТ НА ОВОЈ ПРОФИТАБИЛЕН БИЗНИС?!

– РЕПЛИКА НА ОВА ГУГУКАЊЕ ОЧЕКУВАВ И ОД ВМРО –ДПМНЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕТО ВО П.Е НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ  НА ЗВОНКО ЈОВАНОСКИ ПОРАНЕШЕН СЕКРЕТАР НА ОО НА СДСМ. И НА ШПРЕСА ОД ЦРНИЛИШТЕ. ОВА НЕ Е И НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА Е ПРОБЛЕМ. ЗВОНКО ОТИДЕ ,,КУРБАН“ ПОРАДИ ВНАТРЕПАРТИСКИТЕ ПРЕСМЕТКИ. НАЈБЛИСКИОТ НА КОЈ НАЈМНОГУ МУ ВЕРУВАШЕ ГО ОСТАВИ НА УЛИЦА, БЕЗ РАБОТА. ЧОЕКОТ ЗАСЛУЖУВА ДА ОБЕЗБЕДИ И ЕГЗИСТЕНЦИЈА И ПЕНЗИЈА. ПРОБЛЕМ НЕ Е И ТОА ДЕКА ШПРЕСА ОДЕЛА НА РАБОТА ЗАБУЛЕНА. ТОА Е НЕЈЗИНА И КУЛТУРНА И ВЕРСКА ОПРЕДЕЛБА. ЗАГАРАНТИРАНА СО НАШИОТ УСТАВ. ПРОБЛЕМ Е ШТО ,,ПОПОВИТЕ,, ПОЧНАА ДА ПЕЈАТ ВО ЏАМИИ,  А ,,ОЏИТЕ“ ВО ЦРКВИТЕ. И, ЗА БРЗО НЕМА ДА ГИ РАЗБИРАМЕ КОИ МОЛИТВИ СЕ ПЕАТ.

– АЈДОВАН, ПОЗНАТ ТУРСКИ БИЗНИСМЕН СО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА  САКАЛ НЕШТО ДА НАПРАВИ ЗА ПРИЛЕП. ЌЕ ГРАДЕЛ МОДЕРЕН ТРГОВСКО – ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР. ТОЈ КОНСУЛТИРАЛ  НАШИ ПОЗНАТИ И НАДАЛЕКУ ЕТАБЛИРАНИ ПРИЛЕПСКИ БИЗНИСМЕНИ. МУ СУГЕРИРАЛЕ ДЕКА ЗА ТАКОВ ОБЈЕКТ НАЈДОБРА ЛОКАЦИЈА Е СТАРАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА. ЧОВЕКОТ СТАПИЛ ВО КОНТАКТ СО НАЈПОВИКАНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. И ОД НИКАКОВ, ИЗЛЕГОЛ ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ. ТИЕ ЗА ВОЗВРАТ ОД АЈДОВАН ПОБАРАЛЕ ТОЈ ДА ,,ИЗБОКСУВА“, УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ЗА НИВ КАЈ ЗАЕВ. КОГА ЈА СЛУШНАЛ ПОНУДАТА ТОЈ СИ ПОМИСЛИЛ: АБЕ АЈДАМАЦИ ЕДНИ, АКО НЕМАШЕ ТАКВИ КАКО ВАС, КАКО НИЕ ЌЕ ВЛАДЕЕВМЕ ПЕТ ВЕКА?!  САМО  НА СЕГАШНИВЕ ЗАПТИИ ОБЛЕЧЕНИ ВО БЛУЗИ ,,КЕЛВИН КЛАЈН“ ЌЕ ИМ ТЕКНЕ ДА ПАЗАРАТ ДРЖАВНА ЛОКАЦИЈА ЗА ЛИЧНИ ФУНКЦИИ.

– НЕ Е ПРОБЛЕМ И ИЗНЕНАДУВАЊЕТО ШТО ДАРКО НЕДАНОСКИ СПЕЛЕОЛОГ ЕКСПЕРТ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ ВО ЕКСТРЕМНИ УСЛОВИ ГИ ИЗДИГНА ПРИЛЕП И МАКЕДОНИЈА НА НАЈВИСОКОТО МЕСТО НА ЕВРОПСКАТА И СВЕТСКА СПЕЛЕОЛОГИЈА. ПОСТИГНА РЕКОРД ВО СПУШТАЊЕ ВО 1200 МЕТРИ ВО ТЕСНА ПРОВАЛИЈА (ПРОПАСТ) НА ПЛАНИНАТА КАНИН ВО СЛОВЕНИЈА. ОВОЈ ХУМАН ЧОВЕК СО ОГРОМНО ИСКУСТВО И ГОЛЕМО СРЦЕ ЈА ЗАГУБИ РАБОТАТА ВО ПРИЛЕПСКАТА ПРОФЕСИОНАЛНА ПОЖАРНИКАРСКА ЕДИНИЦА САМО ПОРАДИ ТОА ШТО СДСМ ДОДЕКА ЈА ИМАШЕ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ СО ТАНТАЛОВИ МАКИ УСПЕА ДА ДОБИЕ  ДОГОВОР ЗА ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТУВАЊЕ. АБЕ, ДАЛИ НЕКОЈ ИМА МОЗОК ШТО ПРАВАТ СО МЛАДИТЕ И ИСКУСНИ КАДРИ ВО ГРАДОТ?! МУВА НЕ ГИ ЛАЗИ ШТО ГРАДОТ ТРЕБА СЕ ДА ПРЕВЗЕМИ  ЗА ОВОЈ МЛАД ЧОВЕК КАКО ЕКСПЕРТ ДА СЕ  ЗАДРЖИ, И, ДА ЈА ПРОДОЛЖИ МИСИЈАТА – ФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕБНО СПАСУВАЧКО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА ПРИЛЕП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агро совети за спас на реколтата тутун и градинарски култури

Сојуз на стопански комори: Итно да се превземат чекори за справување со енергетската криза

Гордана Цветаноска

Туристичко-угостителската комора подготвена да обезбеди 5.000 работници од Турција за спас на секторот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе