5.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Златна плакета за ликовниот уметник Кирил Гегоски, ова се останатите добитници на Третоноемвриските награди:

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, при Советот на Општина Прилеп на седницата одржана на ден 20.10.2022 година дoнесе Одлука за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Прилеп.

Наградата за животно дело – златна плакета се доделува на : Кирил Гегоски – ликовен уметник за животни достигнувања и афирмација на уметноста.
Награди – плакети по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:
1.Њу Џенерејшн – здружение за модерни танци – за постигнати резултати во областа на танцот.
2.Клуб за боречки спортови и рекреација „7-ми Мај“ – за достигнувања во областа на спортот.
3.Шаховски клуб Прилеп – за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп.
4.Компанија ГрабИТ ДООЕЛ – за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство.
5.TUNING CAR SHOW – спортско туристичка манифестација – за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп.
6.Фото Кино Клуб Прилеп – за постигнати резултати во воспитувањето на млади таленти во областа на фотографијата и филмот

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември се доделуваат на:
1.Сузана Спиркоска – одделенски наставник – за особен придонес во реализацијата на образовниот процес
2.Весна Шереметкоска – автор – за особен придонес во развојот на литературното творештво
3.Душко Темелкоски – археолог, кустос – за особени постигнувања во областа на археологијата
4.Вања Ѓорѓиоски и Фросина Ацевска – за освоено 1 место на Светско финале на Меѓународен натпревар по англиски јазик – Хипо.
5.Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески – ракометни судии – за особени достигнувања и афирмација на спортот.
6.Менче Настоска Кадинец – доктор од областа на медицината – за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп
7.Мирослав Димитриески – доктор по земјоделски науки – за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа.

Свечената седница на Советот на Општина Прилеп на која ќе бидат доделени наградите и признанијата ќе се одржи во големата сала на Собранието на општината со почеток во 19 часот.

Позната е и програмата за одбележување на Денот на ослободувањето на Прилеп 3 ти ноември:

Би можело да ве интересира

Преадаптација на одделението за Уво нос и грло за пациенти болни од КОВИД 19 – Денеска 28 нови случаи и двајца починати

Елизабета Филипоска

Три нови лица од Прилеп,оваа година, заразени со ХИВ/СИДА

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Прилепчанецот Аџиоски кој живее во Швајцарија, со нова донација за македонското здравство, вредна 350.000 евра

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе