29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Шаховски брзопотезен турнир, пред Цепенков, на отворено за 3 ти Ноември

На Денот на ослободувањето на Прилеп, в четврток, 3 ноември, во организација на Шаховскиот клуб Прилеп ќе се одржи  шаховски брзопотезен турнир. На платото пред Центарот за културата е зборното место, на отворено, под ведро небо. Тука, ваков турнир се одржа уште 2012 година. ШК Прилеп на таков начин продолжува со идејата шахот да го задржи пиетот што го има со децении во градот и да привлече што повеќе приврзаници. Од 11 часот, в четврток, пред Цепенков ќе можат да ги проверат силите не само тие што ќе бидат пријавени на турнирот туку и сите љубопитни што го познаваат овој спорт, а никогаш пред публика не играле шах.

 

Би можело да ве интересира

Утре стартува турнирот во мал фудбал “Свети Никола 2019“

„Домашниот терен“ не е гаранција за победа

Шкупи пресилен за Победа 3:1 (0:0)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе