16.4 C
Прилеп
среда, 3 јуни, 2026
Пела Радио

Моментно 200, а во иднина се планирани 700 корисници да добиваат бесплатни интегрирани социјални и здравствени услуги

Во присуство на преставници од Амбасадата на Австрија во Република Македонија, од  федерално Министерството  за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите, Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи -Прилеп,  Центарот за развој и едукација – Прилеп денеска ги промовираше придобивките на проектот ТРАНСАКТ,  за давање на интегрирани социјални и здравствени услуги на семејството што од 2024 година се спроведува во општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Градско .

Проектот нуди бесплатни услуги од типот на медицинска сестра во домот, бесплатни физиотерапевски услуги во домот, бесплатна психолошка поддржка, поддржка од социјален работник, од специјален рехабилитатор и едукатор, логопедски услуги за граѓаните од социјален ризик и е финансиран од Австријското министерство за труд, здравство нега и заштите на потрошувачи.

„Ова е навистина еден пример од најдобра пракса на кој начин сестрите одат до дома кај луѓето,  директно во нивниот дом и им нудат одлична поддршка и помош која што наистина им е потребна“ рече Харлод Фугер, Аташе на Австриско Федерално Министерство за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите.

„Австрија го има во секој случај водството  во однос на партнерството со Македонија, меѓутоа исто така во однос на Европскиот пат на Македонија. Една од најважните работи е работата со проекти и помагање на луѓето.“, рече при оваа прилика, заменик шеф на Мисијата од Австриската Амбасада во Македонија, Матијас Хуменбергер.

Преку проектот за социјална заштита се вработени 15 лица, медицински сестри,  физиотерапевти, социјален работник психолози, специјален рехабилитатор и едукатор.

„Моментално имаме во опсек 200 корисници, меѓутоа се надеваме дека веќе како што се зголемува бројката и зависно со времетраењето на услугите кои ги нудиме, дека до септември ова бројка ќе биде околу 700 корисници  што добиле услуги од нас. Не се само услугите во домот, дополнително е поддршката со социјални пакети, на социјално загрозени семества, со храна и хигиенски помагала, кои што се обезбедуваат преку овој проект. А, дополнително ќе бидат обезбедени и други услуги, се со цел спектарот  на достапни услуги , согласно потребите на граѓаните, да биде се поширок.’ ,потенцира Марина Тошеска од Центарот за развој и едукација -Прилеп.

Проектот во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени се имплементира во соработка со Центарот за развој и едукација – Прилепи и МЦСР-Прилеп, а се спроведува во соработка со австриска невладина организација и преставува продолжување на проектот Помош и него во домот, кој што по неговото завршување премина под државна капа.

 

Би можело да ве интересира

Крушево ќе го развива авантуристичкиот туризам со поддршка на ЕУ

(ВИДЕО)Тутунари: Не сме социјалци, сакаме лепчето да си го заработиме со мака!!!

Донација од Кико за малиот Стефан од Прилеп- семејството на Кико донира половина милион денари од собраните средства

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе