1.6 C
Прилеп
петок, 17 јануари, 2025
Пела Радио

Се асфалтира патот кон Вештачкото езеро во Прилеп- сообрајќајот се одвива на една коловозна лента

Во тек се активности за санирање на руинираниот регионален пат Р1312, на потегот Прилеп – Извор- Велес.Градоначалникот Илија Јованоски денеска на терен ја согледа актуелната состојба, имајќи ја предвид важноста на овој патен правец.

“Eкипите на ‘Македонија пат’ работат на рехабилитација на овој потег во должина од 2,6 км, кој што е под ингеренции на Јавното претпријатие за државни патишта. Вредноста на оваа инвестиција е 20 милиони денари, а половина од нив,се обезбедени од буџетот на Општина Прилеп. Останатите пари се од Јавното претпријатије за државни патишта. Ова е првата фаза на рехабилитација на овој потег Прилеп – Вештачко езеро. Се врши асфалтирање на овој дел, а во втората фаза ќе бидат направени велосипедски и пешачки патеки. За оваа цел е изготвен проект што наредниот период ќе биде реализиран.  “, истакна градоначалникот Јованоски.

Според најавите, поради градежните работи идните две недели сообраќајот на овој пат ќе се одвива по една коловозна лента. За поголема безбедност на сообраќајот поставена е и соодветна сигнализација.

 

Би можело да ве интересира

Првото новороденче во Прилеп е девојче

Гордана Цветаноска

„Зелените“ европејци ја „скенираа“ состојбата со загадувањето во Пелагонија

Елизабета Филипоска

Без струја утре (20ти декември) остануваа неколку прилепски фирми

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе