7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Агресивно однесување со пресметки и тепачки – прилепската полицијата мораше да интервенира

Денеска (27.12.2022) на ул.„Стеван Димески-Ништакот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле М.Л.(25) од с.Житоше, прилепско, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Вчера ,пак, на 26.12.2022 во ОВР Прилеп, 43-годишна жена од Прилеп пријавила дека на ул.„Прилепски бранители“ била физички нападната од нејзиниот партнер З.Т. А,  пак истиот ден,   во ОВР Прилеп, 33-годишна жена од Битола пријавила дека на ул.„Беровска“ во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг.  ОВР Прилеп, интервенирал и во случајот на лицето М.Ч. (39) од Прилеп кој пријавил дека на ул.„Спасе Темелкоски“ во Прилеп,вчера,  бил физички нападнат од лицето Т.И.

Се преземаат мерки за расчистување на сите овие случаи .

 

 

Би можело да ве интересира

Во Прилеп физичкото насилство е секојдневна појава, три пријави во еден ден!

Во стара куќа во с.Крушевица – Мариово пронајдена граната од Првата светска војна

Елизабета Филипоска

Пет лица приведени – шест дена од исчезнувањето на Вања

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе