11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (33)

Пишува Зоран Момироски

  • КОКИЧЕТО НЕ САМО ШТО ПОТПРКНА ОД ЗЕМЈАТА ДЕНОВИВЕ РАСЦУТИ И КОНЕЧНО РЕШИ ДА ПУШТИ МАЛКУ ПРИЈАТНА ПРОЛЕТНА МИРИЗБА. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ – ПРИЛЕП ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ-ЦАКИО ЗАСТАНАЛ КАЈ СПОМЕНИКОТ НА ЧЕНТО ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. ВО ПОЗАДИНА ЈА ПИКИРАЛ ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА И КАКО ДУЧЕ БАРАБАНЏИЈАТА ПРВО ТРОПНУВА НА БАРАБАНЧЕТО, ГО ВАДИ ПИСАНИЕТО И ЧИТА ТОА ШТО МУ ГО ОДОБРИЛЕ ОД УЧУМАТОТ. ЧИТА ЗОРАН ПАЧЕШКО – КОКИЧЕВО И ДВА ДЕНА ПРЕД СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ МУ ПОРАЧУВА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ИКЕБАНАТА ДА СЕ ОТКАЖИ ОД ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА ЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА. ОТИ ВТОРАВА ПРЕСМЕТКА НА ЦАКИО ПОКАЖАЛА ДЕКА СО КАМАТИ БОКИО ЌЕ ГИ ЗАДОЛЖИ ГРАЃАНИТЕ ВО СЛЕДНИВЕ СЕДУМ ГОДИНА ДА ВРАТЕЛЕ НАД 7 МИЛИОНИ И 500 ИЛЈАДИ ЕВРА. ПА УШТЕ ГО ПОТСЕТУВА ДЕКА ЗА ОВАА ОБВРЗНИЦА БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ КАКО КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НЕМАЛ НИТУ РЕД НАПИШАНО ВО СВОЈАТА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА.

 

  • ГО СЛУШАМ ПРЕТСЕДАТЕЛОВ НА ОО НА СДСМ И СИ ВЕЛАМ: АБРЕ ЦАКИ, ВЕЧЕРТА КОГА СЕ ГЛАСАШЕ И БЕА ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВИЕ МУ ЈА ДАДОВТЕ ИДЕЈАТА И СВЕСНО ИЛИ НЕСВЕСНО ЈА УТВРДИВТЕ ВИСИНАТА НА ОБВРЗНИЦАТА И ЦЕНАТА НА СЕГАШНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ. ЗАГУБИВТЕ СО 7.500 ГЛАСОВИ, ПО 1000 ЕВРА ОД ГЛАС, ЕТЕ ТИ СУМА НА ПАРИ КОЈА Е СООДВЕТНА НА ВКУПНИОТ ДОЛГ НА ПРИЛЕП ПО ОСНОВ НА ОВАА ОБВРЗНИЦА. И СЕГА ПАК ВМРО-ДПМНЕ ВИНОВНИ?! ЗАБЕЛЕЖУВАШ, ЈА НЕМАЛО ВО ПРЕДИЗБОРНАТА ПРОГРАМА… ПА БОРЧЕ НЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА ЌЕ ПОБЕДИ СО ТОЛКУ ГОЛЕМА РАЗЛИКА ВО ГЛАСОВИ?! ЧОВЕКОТ БЕШЕ ПОДГОТОВЕН ДА ВЛЕЗЕ ВО ВТОР ИЗБОРЕН КРУГ БАРЕМ СО 2500 ГЛАСА. ПА, АКО ПОТОА ПОБЕДИ, АРНО, АКО НЕ ПАК АРНО!!! ОД ОВА, САМО ПО СЕБЕ, ПРОИЗЛЕГУВА ПРАШАЊЕТО: АКО СТЕ ТОЛКУ МНОГУ ЗА ГРАЃАНИТЕ ШТО ДРЕМЕВТЕ ДО СЕГА И БЛАГОВРЕМЕНО НЕ РЕАГИРАВТЕ  И НЕ РАДИКАЛИЗИРАВТЕ МЕРКИ? ЛЕВИЦА, СО ДВАЈЦА СОВЕТНИЦИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИДЕЈАТА МУ ОПНА „ЦРВЕН КАРТОН“ И НА ВМРО ДПМНЕ И НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ, ПА ДУРИ МУ ДОСТАВИ 300 АМАНДМАНИ ЗА ДА СЕ БЛОКИРА ОВАА ТОЧКА. А, ВИЕ ЧЕКАВТЕ ДА ПОМИНЕ ЗИМАТА, ПА ЈАВНО ПРЕКУ ЕДНО СООПШТЕНИЕ  КОЕ ГО НАРЕКОВТЕ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ПРЕД ЈАВНОСТА?!! МАРШИРАВТЕ ПО ПОВОД 8 МАРТ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА, А ЗА ВАКВИ ВИТАЛНИ ПРАШАЊА НА ГРАЃАНИТЕ СИ ТАКТИЗИРАВТЕ И СИ ДРЕМЕВТЕ, ИСТО КАКО „ДРЕМУШИ“ !!! СЕ’ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ЗАЕДНИЧКИОТ БИЗНИС-ДИЛ НЕ САКАТЕ ДА СИ ГО НАРУШИТЕ ПО НИТУ ЕДЕН ОСНОВ.

 

  • ВО СПОРЕДБА СО СДСМ, НЕКОИ ОД СПРОТИВСТАВЕНИТЕ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ СО ТАЈФАТА НА БОКИО ПОЧНАА ЈАВНО НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ДА КУКААТ И ДА ГО БАРААТ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД ВМРО ДПМНЕ МАРЈАН РИСТЕСКИ МАЦИО. СПОРЕД МЕНЕ, ЛУЃЕТО СЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ЈОВЧЕСКИ И ТОА Е НИВНО ЛИГИТИМНО ПРАВО. НА ФБ СТРАНАТА „ИКЕБАНА“ ТИЕ НАПИШАЛЕ: ГО МРАЗЕВМЕ, ГО ОГОВАРАВМЕ, НО ДОЈДЕ ДЕН ДА ГО БАРАМЕ!!! КОГА ЧЕ НАПРАВИМЕ СПОРЕДБА НЕ СЕ СПОРЕДУВА ЛАМБОРЏИНИ СО ФИЌО! ГО БАРААТ МАЦИО, КОЈ ГО СМЕНИ ЛИКОТ НА ГРАДОТ. ПРИЛЕП ГО НАПРАВИ ПРЕПОЗНАТЛИВ И ПРИМЕР ЗА ДРУГИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ТОА ВРЕМЕ. СЕГА БАРААТЕ ДА СЕ ВРАТИ И СЕ“ ЌЕ МУ ПРОСТИТЕ! ЧИТАМ И СЕ ЧУДАМ: СЛЕГОВМЕ ОД ЛАМБОРЏИНИ НА ЗАСТАВА 101! МАЛКУ БЕШЕ ТОА, ПА ЗА МЕРЦЕДЕС НИ ПРОДАДОА ФИЌО. И СЕГА ПЛАЧИТЕ И КУКАТЕ?! Е ТОЈ ЛАМБОРЏИНИ, БИДЕЈЌИ Е НЕГОВА ИДЕЈА, ПО ПРОЕКТ И ПРЕСМЕТКИ, НО И СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ НА ГРАДОТ,  КРУЖНИОТ ТЕК „ТАБАНА“ ЌЕ ГО НАПРАВЕШЕ ЗА 1 МИЛИОН 650 ИЛЈАДИ ЕВРА СО СРЕДСТВА ОД СВЕТСКА БАНКА, А ФИЌОВО ЌЕ ГО ПРАВИ СО НАД 3 МИЛИОНИ ЕВРА. И ТОА ВО ОВА ВРЕМЕ-НЕВРЕМЕ ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ, СО ВОЈНА ВО ЕВРОПА, СО ЕНЕРГЕТСКА И СО ФИНАНСИСКА КРИЗА.

 

  • ФИЌОТО ГО ПОМИНА ЛАМБРОЏИНИОТ КАКО ОД ШЕГА. ПРИТОА НИКОЈ НЕ ЗАБЕЛЕЖА ДЕКА ТОА ТИ ИМАЛО ПОЈАЧАН МОТОР ШТО ЗА ЛАМБОРЏИНИОТ ТИ БИЛ МАЧКИНА КАШЛИЦА. КУЧИЊАТА СИ ЛААТ КАРАВАНОТ СИ ПОМИНУВА СЕ ВЕЛИ ВО ЕДНА НАША НАРОДНА ПОГОВОРКА. ВО ВАКВА АТМОСФЕРА ПОМИНА РАСПРАВАТА ЗА ОПШТИНСКА ОБВРЗНИЦА ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИНФРАСТРУКТУРА НА ДЕЛ ОД ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ И ЗА ДРУГИ ПЛАНИРАНИ ЗАФАТИ. АКО ДО КРАЈ СЕ РЕАЛИЗИРА ПЛАНОТ ЌЕ ГО КРКАМЕ НИЕ ГРАЃАНИТЕ НА ОВОЈ ГРАД. ДОДЕКА ОД ЕДНА СТРАНА ВМРО ДПМНЕ БАРА ДА СЕ ПОДОБРИ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД А ВЛАДАТА НА СДСМ ГО ПОДИГНА МИНИМАЛЕЦОТ ОД  18.000 ДЕНАРИ НА ОКОЛУ 21.000 ДЕНАРИ ЛОКАЛНИВЕ „ШЕРИФИ“ БАРААТ НАЧИН КАКО ДА ИМ ГИ ЗЕМАТ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПО РАЗНИ ОСНОВИ. КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА И МНОГУ „ДОМАЌИНСКИ“ СЕ’ ШТО Е ИЗДРЖАНА И АРГУМЕНТИРАНА ЗАБЕЛЕШКА ЗА ОВАА НАЈНОВА ПОНУДА НА ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА СЕ ПРАЗНИ МУАБЕТИ. НА ВЧЕРАШНАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ВО СВОЈ ПРЕПОЗНАТЛИВ ИКЕБАНАСКИ СТИЛ БОКИ МУ НАПРАВИ ВИСТИНСКА КАРАТЕ НАПАД „МАЈА ГЕРИ“ НА СОВЕТНИЦИТЕ ОД СДСМ. АКО ДОБРО ГО РАЗБРАА СО ПОМОШ НА ДЕКИО И НЕГОВАТА ДРУЖИНА ТОЈ МУ КАЖА НЕКОЛКУ КЛУЧНИ РАБОТИ: ПРВО, ИНДИРЕКТНО МУ КАЖА ДЕКА ОПШТИНСКАТА ОБВРЗИЦА ЌЕ МУ ОВОЗМОЖИ НЕГОВ ВТОР МАНДАТ БИДЕЈЌИ ДОМАЌИНСКИ ТИЕ ОКОЛУ 7 МИЛИОНИ И 500 ИЛЈДИ ЕВРА ЌЕ ГИ СЕРВИСИРА НАВРЕМЕНО; ВТОРО, ИМ КАЖА ДА НЕ МРКОРА МНОГУ ОКОЛУ ТОА ШТО ОВА ЗАДОЛЖУВАЊЕ ГО НЕМАЛО ВО ИЗБОРНАТА ПРОГРАМА БИДЕЈЌИ ПРОГРАМАТА НЕ Е БИБЛИЈА И ВО ТЕКОТ НА МАНДАТОТ ТАА МОЖЕ ДА НАДОПОЛНИ; ТРЕТО ИМ КАЖА ДЕКА ТОА ШТО Е ВЕТЕНО, А НЕ Е РЕАЛИЗИРАНО, ОДНОСНО, ДЕКА ДОСЕГАШНИОТ МАНДАТЕН ПЕРИОД  ГО ПРЕСПА, НЕ Е ВИНОВЕН ТОЈ, ТУКУ Е КРИЗАТА ВО ДРЖАВАВА. ИНДИРЕКНО ИМ ПОКАЖА И ИМ ДОКАЖА: АКО МОЖЕ АКТУЕЛНАТА ВЛАДА НА СДСМ ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА – МОЖЕ И ОПШТИНАТА, БИДЕЈЌИ ЗА БОКИОТ ДРЖАВА И ОПШТИНА ТИ БИЛЕ ИСТО. ПРИТОА, МИСЛИ НА МЕТОДОТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПАРИ; И ЧЕТВРТО И НАЈБИТНО-  ЈАС СУМ ГРАДОНАЧАЛНИК, НАРОДСКИ КАЖАНО „МОЈ МИ Е, ДВОР  МИ Е“… А ЗА НОВИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ КОМУНАЛНИ СМЕТКИ, ВЕРОЈАТНО НАСКОРО И ОД ЗАГУБАРОТ ЈКП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА, КАКО И ЗА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ДАВАЧКИ ПО ОСНОВ НА ДАНОЦИ СЕ’ Е ТОА ОПРАВДАНО И ДОМАЌИНСКИ ПРЕСМЕТАНО. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ: НАРОДЕ ГОСПОД НА ПОМОШ ДА НИ Е, ТА СО ЕДНИТЕ, ТА СО ДРУГИТЕ!!!

 

  • НЕКОЛКУ ДЕНА ПО ОБЈАВАТА НА ФБ ПРОФИЛОТ ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ НА МАЦИОТ МУ ГО ОШТЕТИЈА ЏИПОТ. НОЌЕ, ПРЕД НЕГОВАТА ПОРТА, ПА ТОЈ РЕШИЛ И ОБЕЗБЕДИЛ СНИМКА ОД БЕЗБЕДНОСНА КАМЕРА. ЈА ДОСТАВИЛ ДО МВР И БАРА ПОЛИЦИЈАТА ДА ГО ПРОНАЈДЕ ИЗВРШИТЕЛОТ. АКО НЕ ГО ОТКРИЕ, ТОГАШ ТОЈ ЛИЧНО Е РЕШЕН И ДА ГО ОТКРИЕ И „ЗА УШИ“ ДА ГО ОДНЕСЕ ВО ПОЛИЦИЈА. ОТИ КАКО ШТО ВЕЛИ ТОЈ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ ВО ГРАДОТ БРОЈОТ НА ОШТЕТЕНИ ВОЗИЛА, НО И НА КРАЖБИ ВО СТАНОВИ ДВОРОВИ, КУЌИ И ВИКЕНДИЧКИ И НА ДРУГИ МЕСТА.

 

  • МАГЛА ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ СО „1000 НЕПОЗНАТИ“ ВО НАШАВА НАПАТЕНА ЗЕМЈА. ВО МАГЛОВИТИТЕ И ДО КРАЈ НЕПОЗНАТИ  МЕТОДИ ПРЕКУ ПОНУДЕНА ЛИТЕРАТУРА ЗА ТЕСТИРАЊЕ ИМ БЕА  ПОДЕЛЕНИ УЧЕБНИЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ДО 9 ОДДЕЛЕНИЕ СО КОИ СЕ ГУБАТ И ДЕЦАТА И НАСТАВНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ. ВО НАЈНОВИОТ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА И ОПШТЕСТВО ЗА ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ МЕЃУ ЛЕКЦИИТЕ ИМА ИЛИ НЕДОРЕЧЕНОСТИ ИЛИ  ПРАЗНИ ЛИСТОВИ. СО ОВИЕ ПЕЧАТАРСКИ И ДРУГИ ПРОПУСТИ ОВОЈ УЧЕБНИК ИНАКУ ПОДЕЛЕН НА УЧЕНИЦИТЕ ПРЕД ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ НАМЕСТО ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕ ВЕЌЕ СЛУЖИ ЗА ПОТСМЕВ ПРЕД СЕ’ КАЈ ОНИЕ КОИ СЕ СООЧУВААТ СО ОВОЈ „ПРЕДИЗВИК“. ПА ВО ФБ КОМЕНТАРИТЕ  РОДИТЕЛИТЕ НЕГОДУВААТ ЗА ПРАЗНИТЕ СТРАНИ. ПРВО, ДЕКА СЕ ОСТАВЕНИ ЗА СЕКОЈ КАКО УМЕЕ И ЗНАЕ ДА СИ ЈА ДОПИШИ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ДО ТОА ДЕКА ИЗОБИЛНАТА МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА НЕКОЈ НАМЕРНО САКА ДА ЈА ПРИКАЖЕ КАКО ПРАЗНА. И СЕГА САМО ПО СЕБЕ СЕ ПОСТАВУВА ПРАШАЊЕТО: КОЈ НИ Е ВИНОВЕН ЗА ВАКОВ ОДНОС КОН УЧЕБНИЦИТЕ, УЧИТЕЛИТЕ КОН ИСТОРИЈАТА И КОН НАШАТА ТРАДИЦИЈА?!

 

  • И ДИРЕКТОРОТ НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ АХИЛ ЈАКОВ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ ОБЈАВИЛ ПОСТ БАЗИРАН НА „НЕДОКВАКАН“ АВТОР НА ТЕСТ ЗА УЧЕНИЦИ. ВО ОВОЈ ТЕСТ РЕЦЕПТ ЗА СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО Е МАЈКАТА, ТАТКОТО И ДЕЦАТА. ИСТИОТ ТЕСТ Е ПОТКРЕПЕН СО ГРИФИЧКИ ПРИКАЗ ОДНОСНО СЛИКА ДЕТЕ И ДВАЈЦА МАЖИ. ГО ГЛЕДАМ ТЕСТОВ АМА НИКАКО ЧОВЕК СО ГЛЕДАЊЕ НЕ МОЖЕ ДА ОДГАТНИ КОЈ ОД ДВЈАЦАТА МАЖИ Е МАЈКА?! ТОЈ ШТО ГО ДРЖИ ДЕТЕТО И ИЛИ ТОЈ ДО НЕГО. НАЈВЕРОЈАТНО ЗА УТВРДУВАЊЕ НА МАЈЧИНСТВОТО ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ „ПРИМЕНИ“ ДРУГ МЕТОД?!

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (24)

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(18)

Гордана Цветаноска

Жетва богата – цена евтина, а лебот поскапува!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе