26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Шестмина повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

На патот Градско-Прилеп, пред мостот кај село Тројаци, вчера околу 14 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „ауди“ управувано од М.И.(27) од село Горно Лакочереј, охридско и возило „пежо“ управувано од Д.М.(49) од село Врбоец, крушевско.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот Д.М., сопатникот од неговото возило Х.Н.(19) од село Врбоец и сопатничка од возилото „ауди“, М.Д.(29) од Охрид, додека со телесни повреди се здобила М.И. и сопатниците од истото возило, Д.Ј.(32) од село Требеништа и А.Б.(25) од село Пештани, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Фатени малолетници кои пиеле алкохол и 34 кои после полноќ биле во кафетерии

Пела Редакција

Приведен 50-годишен дилер на дрога

Поправал трактор и тешко се повредил

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе