Нов инфраструктурен зафат во ООУ „Климент Охридски“. Се чини таму не се мирува, постојано нешто се обновува за поквалитетни услови во воспитно – образовниот процес на оваа институција! (Вака изгледа сега, но подолу како беше…)
Имено, деновиве, од простории, кои 60 години служеле за складирање јаглен, за опад и преставувале, главно, дувло за стаорци и глувци, преку една одлична идеја , добра организација и, пред се, желба и визија, учениците да учат во солидни квалитетни услови, директорот на ООУ „Климент Охридски„, Ахил Јаков, решил просториите да ги преуреди, адаптира ,да ги реновирана во современи кабинети за потреби на училиштето,во интрес на ученците, наставниците и останатиот персонал во училиштетп.
И, тоа му успеало! П,а тој на својот фејсбук профил, објави и видео, од моментот во каква состојба биле просториите, до нивн реновирање и уредување, па со право, гордо се пофали на неговиот Фејсбук профил за направениот зафат: „ Тоа што беше изминатите 60 год сметилиште и отпад, го направивме наредните 60 год да биде радост на секој ученик што ќе се школува тука… Зборовите се зборови,објаснувањата се објаснувања,ветувањата се ветувања,а само исполнувањето е реалност.„ напиша тој и заблагодари на локaлната сaмоуправа за поддршката.
Па, денеска вака изгледа тој простор:
https://www.facebook.com/100046001045092/videos/248186497627975/
Градежниот зафат чини еден милион и 600 илјади денари, средства обезбедени од општинскиот Буџет, а учениците, наставниците и останатиот училишен персонал добија: Технички кабинет, Медиотека, Спорска сала за физичко воспитување на учениците од пониските одделенија, котлара, магацински уреден простор, поросторија за хаус мајстор…
Но, мудриот наставнички кадар и менџерскот тим од ова училиште несомнено знае дека вложувањето во училиштето е само чекор напред кон негување на самодовербата кај учениците „А, самодовербата ја негува надежта. Надежта,пак, го негува мирот.“ (Конфучиј)! Браво!