1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Еден куп први места за четири прилепски млади пијаниски ученички во основното музичко училиште во Прилеп

Ученичките, по пијано на проф. Христина Никоска Тасеска , најмладите,  третоодделенките, Софија Ташкоска и Хана Петреска и четвртоодделенката,  Дарија Богеска и Дафина Момироска првенец  на генерацијата на ООУ „Ордан Михалоски Оцка„, оваа година им донесоа голем број први и спедијални први награди на меѓународните и државните натпреварувања.

 

Тие се нај трофејните четири мали талентирани дами, со кое нивниот ментор, Никоска Тасеска се годее , а  основното музичко училиштето „Ордан Михалоски Оцка„ – Прилеп им оддаде признание за нивниот талент, сметајќи ги за најнадежни млади пијаниски.

Најмалите од тимот, пијанските Хана Петреска, како соло пијанист се натпреваруваше на меѓународните натпревари во Штип, Врање, Кавадарци и Смедерево, каде освои 3 специјални први награди и една прва награда во својата категорија, како и на државниот натпревар каде беше наградена со специјална прва награда, а Софија Ташкоска, настапи на повеќе сцени, каде беше наградена со специјална прва награда на меѓународните натпревари во Штип и Смедерево, со први награди на меѓународните натпревари во Врање, Кавадарци и втора награда на Државниот натпревар. Тие секаде каде што настапуваа предизвикуваа воодушевување кај публиката, со нивниот телент.

Дарија Богеска, пак, и оваа година е наградена со први награди на меѓународните натпревари во Штип, Кавадарци и Смедерево и трета награда на државниот натпревар. Додека полуматурантката, Дафина Момироска освои први награди на државниот натпревар и меѓународните натпревари во Штип, Битола, Врање, Кавадарци, а во Смедерево и беше доделена специјална прва наград, а и беше прогласена за лауреат во дисциплината пијано.

За нивниот талент слушна и градоначалникот на Прилеп,Јовчески, кои ги прими младите пијаниски во неговиот кабинет и интерсерајќи се за нивните успеси  и им посака да станат врвни музички имиња, со кои градот и државата ќе се гордее.

Инаку, ООМУ „Ордан Михалоски Оцка„ до 15 јуни брши  уписот на нови ученици во музичкото училиште,за што е потребна пријава и извод.

Би можело да ве интересира

(видео) Кога идејата е креативна одбележувањето на патронот останува запаметено – СОУ „Орде Чопела“-Прилеп

Елизабета Филипоска

Градина во градинка – едукативна иницијатива на ЈОУДГ „Наша иднина“

ОУ „Страшо Пинџур“ Мало Коњари го празнува патронот (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе