30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Од први јули целосно забрана на пластичните ќеси

Од 1 јули 2023 година  целосно се забранува продавањето на пластични ќеси и оксо-биоразградливи ќеси за носење на стоки кои моментално ги плаќаме по 15 денари во продавниците. Оваа обврска за трговците е утврдена со Закон за управување со пакување и отпад од пакување од 2021 година.

Тоа значи дека од  1 јули следната година задолжително ќе биде да  се пласираат ќеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради како и секој органски материјал од вода, јаглерод диоксид и биомаса односно изработен според стандардот МКС EN ISO 17556: 2020.

Од овој датум престанува употребата на на  оксо-биоразградливи ќеси (стандард МКС 1009) кои беа задолжителни од 2013 година.

Ќеси за носење на стоки се ќеси над 15 микрони наменети за носење на производи и стоки за лична потрошувачка кои се набавуваат во продавници, магацини, складови, деловни простори, зелени пазари и посебни пазари каде што се врши трговија на мало.

Во употреба остануваат пластичните ќеси  за носење текстил, книги, канцелариски материјал, техничка стока, лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите видови на обувки, детски играчки, спортска опрема и слична стока.

Ќесите за ѓубре не претставуваат ќеси за носење на стоки и не се опфатени со овие мерки.

Би можело да ве интересира

Фрлање на крстот ќе има и во водите на езерцето кај с. Плетвар

В недела ќе се случи „Prilep run” со околу 300 учесници!

Пела Редакција

Денес е Прочка, Ден за проштевање – македонска вековна традиција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе