30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Сообраќајна незгода и на патот кон манастирот „Трескавец”

Во 13.25 часот во ОВР Прилеп, вчера (08.06.2025) било пријавено дека на патот – манастир „Трескавец”, на место викано „Под манастир“, се случила сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила помеѓу патничко возило „кадилак“, со американски национални ознаки, управувано од З.К.(42) од Република Србија, со привремен престој во Прилеп и мотоцикл „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(64) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди неговата сопатничка С.С.(56) од Прилеп и возачот на патничкото возило „кадилак“, констатираа од Градската општа болница Прилеп “ Борка Талески“ – Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Би можело да ве интересира

Кај прилепчанец и малокоњарец пронајдена марихуана

Во долненско, автомобил излетал в канал – возачот тешко повреден!

Двајца прилепчани влегле во конфликт со полициски службеници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе