Вчеера, на 13.11.2023 во 11.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на с.Пашино Рувци, прилепско, била пронајдена артилериска граната. Од увидот било констатирано дека се работи за артилериска граната од 105мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.
На 13.11.2023 во 11.50 часот во Полициското одделение Новаци, Љ.Б.(54) од с.Добрушево, битолско, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол минофрлачка граната калибар 62мм од Првата светска војна. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа за понатамошна постапка.