3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ковачевски: Прилепчани добиваат најмодерен ИКТ Центар и улица

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски денеска го посетија ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи, а во рамките на посетата на Прилеп извршија увид на текот на градежните работи – реконструкција на влезната улица „Леце Котески“.

ИКТ Центарот е во функција и неговите услуги ги  користат 5 национални институции.

„Проектот е вреден речиси 3,4 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА програмата и дополнително буџетски средства на Министерството за внатрешни работи. Или, вкупната инвестиција до целосна функционалност на објектот изнесува  11 и пол  милиони евра. Се работи за најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ Центар прв од ваков вид во регионот изграден од државна институција за потребите на државата,“ посочи Ковачевски, потенцирајќи дека Владата која што ја предводи, е цврсто решена да продолжи со европеизација на институциите. Тој упати апел институциите да ги користат можностите на ИКТ Центарот.

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски повика на трпение и посочи дека на улицата „Леце Котески“ во наредниве 2 недели ќе биде поставен првиот слој на асфалт по целата должина на коловозот, со што ќе се овозможи непречено одвивање на сообраќајот .

– За реконструкцијата на улицата инвестираме 50 милиони денари. По разговорот со изведувачот и надзорниот орган можам да констатирам дека реконструкцијата се одвива со добра динамика. На дел од улицата веќе е поставен првиот слој на асфалт, а се врши тампонирање на останатиот дел и паралелно со тоа продолжување на асфатерските работи. Прилепчани треба да бидат уверени и да знаат дека добиваат најмодерна патна врска и затоа барам уште малку трпение од граѓаните. Набрзо улицата ќе биде комплетно завршена најпрво со првиот слој на асфалт за околу 2 недели од сега, а потоа во зависност од временските услови ќе продолжи поставувањето на вториот слој на асфалт. Ќе продолжи поставувањето и на канделабри и на пешачките патеки и велосипедската патека.

Според договорот меѓу Министерството за транспорт и врски и Општина Прилеп реконструкција на улицата во должина од 2 км со близу 800 илјади евра обезбедени од Светската банка, треба да заврши до април 2024 година.

Би можело да ве интересира

ПО ЕДЕН ВЕК ФРАНЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ НА ДЕЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ОНКОЛОГ Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

По примерот на Идризово, прилепскиот затвор ќе добие работилница за изучување на занаети

Гордана Цветаноска

Ништо не се случи, па мариовците, пак, утре на протести за патот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе