Од 1 декември ќе стартува дневната евтина тарифа на струјата,а домаќинствата ќе имаат 11 часа во текот на денот евтина тарифа, најавија од Агенцијата за енергетика. Евтина дневна струја домаќинствата ќе имаат од 13 до 15 часот и од 22 до 07 часот, како и во недела.
За 5 дена дел од домаќинствата ќе добијат ја добијат дневна евтина тарифа,но не сите. Оваа поволност првично ќе може да ја користат околу 170 илјади домаќинства кои имаат дигитални броила и кој ЕВН може да ги прилагоди системски. Останатите над 600 илјади домаќинства ќе ја добија нешто подоцна, затоа што се со броила кои рачно од први декември ќе мора да се сетираат од страна на екипи на ЕВН.
Од следната година до крајот на ноември ќе се носи одлука за нова цена на струја, а пресметките енергетските компании ќе го достават до крајот на септември. Повеќе нема да има корекција во цената во јуни како што се правеше до сега, кога компаниите барањата ги доставуваа најдоцна до крајот на мај. Ова се предвидува со новите правила, кој ги соопштија од Регуласторната комисија за енергетика. Новата цена на електричната енергија која ќе важи од јануари, наскоро треба да биде соопштена.