5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот ортопед д-р Joноски имплантирана протеза на колено

Прилепскиот доктор, оротпед, д-р Кире Јоноски,  од ЈЗУ ОБ „ Борка Талески„ -Прилеп, денеска, со твојот тим успешно имплантира тотална протеза на колено. Гордост и голем успех!

По овој успешен оперативен зафат, на своите фејсбук профили, и, ЈЗУ ОБ „Борка Талески „ – Прилеп, и д-р Кире Јоноски, објавија:

После долг период повторно имплантирана тотална протеза на колено во ОБ Прилеп„  а докторот Јолески изрази благодарност до тимот и сите кои учествуваа во оваа операција и организација!

Инаку, пациентите од Прилеп за ваквиот вид операција досега одеа во Скопје и Охрид.

„Операцијата за замена на коленото – исто така позната како артропластика на коленото е процедура при која се заменуваат зглобовите на колената со вештачки. Оваа операција може да помогне во ублажување на болката и обновување на функцијата кај тешко заболените зглобови на коленото. Постапката вклучува отсекување на оштетената коска и ‘рскавица од бутната коска, долна коска и капачето на коленото и нивна замена со вештачки зглоб (протеза) направен од метални легури, висококвалитетна пластика и полимери,  е стручното објаснување за оваа операција.

Најчеста причина за операција за замена на коленото е потребата за ублажување на силната болка предизвикана од остеоартритис. Луѓето на кои им е потребна операција за замена на коленото обично имаат проблеми со одење, качување, симнувањето по скали, седнување и станување од стол. Некои имаат и болки во колената при мирување. Лекарот ортопед е тој кој прави дијагноза и препорачува ваква операција.

Честитки за д-р Кире Јоноски и неговиот тим!

 

Би можело да ве интересира

Прилепски улици од 21 век

Елизабета Филипоска

Водици 2024 Прилеп: прва среќа за 24 годишниот Влатко Орданоски

Пела Редакција

Промоција на две книги и две изложби од прилепчанката Марија Ѓорѓиоска

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе