29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Момче до смрт избодено со нож во центарот на Прилеп

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп. Веста ја пренесува поралот Маркукуле, кој пишува дека група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатницата.

„Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел “Скопје”, каде и починало. Засега не е познат идентитетот на момчето, кое се претпоставува дека имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност.„ – пишува Маркукуле

Се очекува информациијата да ја потврдат надлежните институции.

– Кај момчето не се пронајдени никакви документи. Телото се ноѓа во болничката капела,а надлежните издадче наредба за обдукција. Убиството е извршено со повеќе убоди од нож, а во полицијата го пријавиле по службена должност лекарите од прилепската болница„- пишува на својата ФБ страната новинарот, Зоран Момироски прашувајќи се “ДАЛИ И КОЛКУ ПРИЛЕП Е БЕЗБЕДЕН ГРАД ?!? Град во кој секојдневно има тепачки меѓусебни пресметки на групи млади луѓе, зачестени сејмени насилства па и напади и на полицајци.“- пишува тој!

Би можело да ве интересира

Бомба во центарот на Прилеп – ФОТО

(ВИДЕО+ИЗЈАВА) Во кругот на прилепската болница метеж на пладне – полиција, пукотници и истрели – приведени 13 лица

Пела Редакција

Исчезната е 42 годишна прилепчанка, пријавени неколку физички напади во еден ден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе