11.1 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

Комеморативен настан насловен: „КУЗМАН ЈОСИФОСКИ – ПИТУ, ПРИЛЕПСКА И МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ”

Преку фотографии, познати и досега необјавенни фотографси податоци,  вечерва се одржа комеморативен настан во чест на идологот на македонската антифашистичка револуционерна борба , Кузман Јосифоски – Питу, по повод 80 години од неговто загинување .

Комеморативниот настан , во организација на ОО н СДСМ – Прилеп во соработка со Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните подржувачи, беше одржан во фоајето на ЦК „Марко Цепенков„каде пред присутните за делот на Питу, говреше историчарот, Рубинчо Белчески.

Покрај мноштвото информации, на настанот беа прочитани и цитати од рефератот со наслов „Хероите и мачениците на Македонија”, кој Питу го поднел на Преспанското советување на Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија, кое од 2 до 4 август 1943 година се одржало во близина на Отешево.

Кузман Јосивоски – Питу е продолжувач на илинденската реолуционерна борба на македонскиот народ за слободна држава и еден од главните идеолози и организатори на Народно-ослободителната борба и антифашистичка револуција на македонскиот народ.

Би можело да ве интересира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Елизабета Филипоска

Сугарески се повлекува од партиските функции

Гордана Цветаноска

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе