17.1 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

Тутунот – Страст, Профит и Штетност-Денеска е Светски ден против пушењето

Денес по повод меѓународниот ден против пушењето, во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, се одржа работилница со тема: Тутунот – Страст ,Профит и Штетноста на цигарите и зависноста кај младите.

Децата со внимание и активна вклученост ги изработуваа задачи на хамер, а со презентацијата се запознаа со поимот, историјата, производството, профитот на тутунот, но најмногу се задржаа на неговата завист, страст и штетност. На работилница учествуваа активни членови од Детската Амбасада, а работилницата ја подготвија и водеа, децата координатори при основните училишта во Прилеп.

Целта е запознавање на децата со последиците, најразните болести, и колку штетно делува тутунот кај бремените жени,како и колку проценти годишно од населението умира како резултат на штетноста на цигарите. Тие учеа дека од љубопитност можат да станат зависни, дека младите пробуваат цигари во пубертетот, каде што се јавува зависноста и потоа страста, но не размислувајќи на последиците кои се резултат на тутунот.

По повод денешниот Ден на борба против пушењето, Светската здравствена организација предупредува дека во многу земји се потценува неговото штетно дејство за човековото здравје.Електронските цигари содржат помалку штетни материи, но исто така се опасни. Седум милиони луѓе годишно умираат како последица на „синиот чад“. Околу 80 проценти од пушачите живеат во земјите во развој, а седум проценти или преку 24 милиони пушачи во светот се на возраст меѓу 13 и 15 години.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Најзагрижувачка е стапката на иселување (Македонија 2035 ќе има 1.530.000 жители)

Пела Редакција

Прилеп утре го одбележува Денот на ослободувањето од фашистичките окупатори

Гордана Цветаноска

Достоинствена прослава-45 години НУЦК „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе