5.3 C
Прилеп
вторник, 10 декември, 2024
Пела Радио

Еве како изгледаат новите, полимерни банкноти кои веќе се во оптек

Како изгледаат новите, полимерни банкноти од 10 и 50  денари кои веќе се во оптек . На На новите полимерни банкноти се  втиснати издигнати точки кои што ќе им овозможат на лицата со оштетен вид точно да ја распознаат вредноста на парите. Нивниот дизајн содржи безбедносни карактеристики и заштитни знаци кои оневозможуваат нивна масовна репродукција, со веќе воспоставените техники за фалсификување. Полимеризација на банкнотите е направена само на банкнотите со пониска вредност, кои се почесто употребувани и повеќе оштетени.

Оние кои ќе имаат книжни банкноти и по пуштањето во употреба на полимерните банкноти, истите ќе можат бесплатно да ги заменат се до 15 мај наредната година во сите комерцијални банки. Потоа, замена ќе се врши само во Народната банка.

Инаку, само неколку земји  Австралија како пионер во воведувањето на полимерните банкноти, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи и Романија ги имаат заменето традиционалните хартиени банкноти со полимерни, а на ова семејство од 15-ти мај му се приклучи и Република Македонија откако Народната банка во оптек ги пушти новите 10 и 50 денарки.
Но,на Србите не им се допаднаа новите македонски пари . На прашањето на српски Телеграф дали и Србија ќе го следи овој тренд, Народната банка на Србија одговарила  дека засега монетарните власти не планираат емисија на банкноти изработени од полимер. Според нив, пластичните банкноти покрај предности, имаат и маани како што се:
– Трошокот за нивно производство е поголем отколку за хартиените;
– Ракувањето со овие банкноти е отежнето кога постои влага
– Бојата избледува кога се изложени на сонце
– Не е во потполност потврдена компатибилноста со машините за уплата и исплата,пишува порталот puls24.mk

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Половина од тутунската реколтата откупена, дополнителниот заменик министер Трипуновски на терен

Работниците од Комфи Ангел покажаа висок степен на одговорност за заштита на здравјето

Елизабета Филипоска

Најдоброто од Турција во Прилеп за врвен квалитет и принос

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе