0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Ристески: Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања во здравството

Здравството и предлог проекти за решавање на дел од проблемите во овој сектор беа тема на прес конференцијата на Петар Ристески, кандидат за пратеник за ИЕ4 од редовите на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ:

„После двојната победа на претстојните парламентарни и претседателски избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат. Во првите 100 дена, ќе иницираме постапка за 500 нови ургентни вработувања за здравствениот кадар со нерешен статус. Ќе направиме план за постепено и правично вработување на сите вработени во здравствените установи кои со години работат без решен работен однос. Ќе иницираме вработување на 500 здравствени работници, кои се дефицитарен кадар. Постепено ќе се пополнат критичните рабтни места во медицинските установи секаде каде има недостаток на потребниот кадар. Преку програма за спојување на клиниките во Скопје, ќе обезбедиме еден итегриран Универзитетски клинички центар „Мајка Тереза“. На тој начин ќе се обезбедат интегрирани и подобри услуги за граѓаните, ефикасност во работењето и намалувањее на трошоците за набавките во рамки на Клиничкиот центар. Ќе ја намалиме цената и ќе ги ограничиме маржите на лековите и медицинската опрема. Ќе ја ревидираме и континуирано ќе ја ажурираме позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните реално ги користат. Нудиме програма за регионализација во здравството преку која ќе обезбедиме можности за здравствните услуги да бидат достапни до најблиското место на живеење на граѓаните. Предвидуваме политики за овозможување на докторите во дефицитарните области да одлучат дали ќе продолжат да работат во јавните здравствени установи, зачувувајќи го правото на пензија. Посебен фокус ќе ставиме на младите специјализанти кои се иднината на нашиот здравствен систем, растот на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал, техничкиот и административниот персонал, транспарентност и намалување на листите на чекање како и многу други проекти во интерес на сите наши сограѓани. Затоа ни е потребна вашата поддршка. На 8-ми мај да излеземе и масовно да гласaме за број 2 за листата на кандидати за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател. Да славиме голема победа за Македонија, Македонија да ја направиме повторно да биде горда,“ рече Ристески, кандидат за пратеник од ИЕ4 од Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО – ФОТО) Град и силен ветер во целост го уништи земјоделскиот род во прилепско

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) Општинска обврзница за инфраструктурни и комунални проекти за Прилеп

Гордана Цветаноска

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на “Канал 77“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе