По повод големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески до верниците од православната вероисповед упати честитка, во која стои:
„ На сите мои сограѓани, православни христијани, Ви посакувам многу здравје, среќа и во мир и благосостојба да ги поминете претстојните Велигденски празници заедно со своите семејства. Големиот христијански празник Велигден ни дава можност да шириме љубов и позитивна енергија, да се грижиме и правиме добри дела, да ја чуваме традицијата, да го негуваме културното и историското наследство, да ја негуваме верата и да бидеме сплотени во зачувувањето на нашиот македонски идентитет.
За многу години!„