-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Втора најава за насилно прекинување на протестот кај Оревоец

Стигна и втората најава за насилно разбивање на протестот и блокадата на локалниот пат кон Оревоец. Граѓаните се решени да не попуштат во намерата  и да не им дозволат пристап на камионите на Бехтел и Енка и транспорт на градежен материјал од  ископот во близина на селото. Протестот како и во изминативе 90 дена е уредно пријавен во полиција, вели Жарко Стеваноски, адвокат застапник на граѓаните.

 

-Утрово од страна на командирот на полициската станица од Прилеп беше најавено дека кордон од полиција од 15 – 30 полициски униформирани службеници добиле наредба за насилно да ги разбијат блокади за влезот во селото Оревоец. Камиони од Бехтел и Енка, кипери беа паркирани и сеуште стојат пред бензинската пумпа Лук Оил. Барање било поднесено од Јавното претпријатие за државни патишта по секоја цена да се овозможи започнување со работа на Бехтел и Енка. На командирот му беше укажано дека ваквата најава за нас значи најава за радикализирање на протестите. Овие протести се уредно најавено согласно закон. Тоа е наше уставно загарантирано право. Жалам што директорот на Јавното претпријатие да дојде и лично да се увери каква е ситуацијата на терен, какви се’ вешти наоди имаат изготвено вештите лица. Од страна на МВР, полициска станица Прилеп ни е укажано дека тие сакале или не тие мора да постапат по наредбата и насилно да ги растераат луѓето тука.

Само би упатил повик дека е крајно време сите здруженија на граѓани, невладини организации од општина Прилеп и пошироко да се приклучат кон протестите. Со цел да се заштити уставно загарантираното право на мирен протест на граѓаните кој во конкретниот случај е за заштита пред се’ на здравјето на луѓето.

Македонија била под многу окупатори, но никој од нив не си дозволил да сели цели села на ваков начин, затоа што ако се продолжи со работа тука од страна на Бехтел и Енка селото и со вештачење е потврдено дека ќе ги изгуби и подземните води, односно изворите за напојување и жителите од тука, сакале или не со тек на време, како што е тоа случај со село Присад кај езерото. Упатувам и апелирам и на министерот за транспорт и врски до кој имаме доставено и писмено барање за работен состанок, до директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, да седнат да ги видат опциите да се запознаат лично со ситуацијата тука, а не да им биде пренесувано од други лица каква е тука фактичката состојба која е очигледно поразлична од она што им го укажувале нивните соработници.

Остануваме на блокадите, се размислува за радикализирање на протестите. Уште еднаш ќе повторам Прилеп има 33 различни варијанти со кои што може да го надмини овој проблем односно, 33 отворени – активни концесии кои што можат да помогнат во реализација на овој проект, вели Стеваноски.

Мештаните велат дека штетата од минирањето  се одразила врз изворите на вода во близина на ископот на Бехтел и Енка од каде се напојува селскиот водовод . После првите минирања селото нема доволно вода, вели Борис Бошкоски еден од најстарите жители на Оревоец.  Издашноста е намалена, а постои опасност заради карстниот терен водата да го промени текот или изворите да секнат.

– Како прво ние имаме два резервоари. Новиот резервоар ја пренасочи водата во стариот резервоар. Горниот, главниот кој што беше се намали и се префрли водата во долниот резервоар и така сега селото нема вода доволно. Друго, тоа сето дојде од последното минирање на Бехтел и Енка. Со години ние живееме тука, тоа не се случило, а се случи од ова минирање и сега е криза за вода во селото. Го имаме вододовот 30 години, а претходно од новиот резервоар се снабдуваше селото, сега пренасочена е водата во долниот извор. Сега понатамошно минирање ќе биде уште полошо може да го снема и едниот и другиот извор.

Има три изворчиња, едното секна, недалеку 50 метра од ископот, а од другиве не знаеме што ќе биде, само имаше две јаки минирања и тоа беше се’. Доколку се продолжи со минирање може уште полошо да биде.

Ерозивно е земјиштето во Оревоец, има пештери и ќе има голема промена тука, и тоа што посто ќе се случи да ја изгубиме водата. И со екологијата е многу лошо. Како Присад што се уништи селото, ќе се уништи и нашето село. Нашево е 400 до 500 метра, првата е 300 метри до ископот. Селото беше порано 70 сега е 120 куќи. Со ова што дојде Бехтел и Енка, што ни ја уништуваат природата и шумата ќе мора селото да се иссели. Значи тие можат да го променат ископот, а ние не можеме да се иселиме, оти со години живееме тука. А тоа ќе се испусти 100%, вели Борис, жител на селото Оревоец.

Паралелно граѓаните преговараат со претставници од ЈП за државни патишта и Бехтел и Енка обидувајќи се да се изнајде заедничко решение .  Тие велат дека не се против изградбата на регионалниот пат Прилеп – Битола, но се принудени да се штитат себе си и животна средина. Најавуваат радикализирање на протестите и блокадите.

– Жално е одлуката на одредени структури кои сакаат со сила да решаваат проблеми. Ние сме население кое ги решаваме проблемите низ дискусија. Од првиот ден кога Бехтел и Енка дојде и отвори коп во нашиот атар, во неколку наврати со барање до институциите, со барање до Бехтел и Енка сакаме час поскоро да се одржи состанок и покрај барањата во два наврати институциите кои се надлежни за сето ова ЈП за државни патишта, Бехтек и Енка, и министерството за транспорт и врски не зе одзваа на нашето барање и ние одлучивме да ги бараме нашите права согласно законот и Уставот. Протестите траат повеќе од 90 дена и денеска дојде денот кога полициските служби дојдоа насилно да ги растурат протестите, нешто кое од првиот ден ниту беше наша политика, ниту имаме потреба од таква работа. Во изминатите две недели ги интензивираме состаноците со Бехтел и Енка, имавме еден заеднички состанок ги кажавме нашите барања и цел на протестите и побараме да одржиме еден заеднички состанок со сите засегнати страни, за жал некој донесол поразлична одлука и не сака да ги слушни нашите информации. Патот е од стратешки интерес, на сите нас ни е потребен но очигледно дека денеска некој одлучил дека по цена на нешто е поефтин животот на нашите селани и сака да „заштеда на одредени средства“ сака да го ризикува нашиот живот. Час поскоро треба да седнеме на заедничка маса и доколку не дојдеме до заеднички договор, ние како претставници на оваа месна заедница почнуваме протестите. Во понеделник на 29 ти јули согласно сите закони и процедури, денес ќе најавиме блокада на регионалниот пат Прилеп – Битола со која блокада ќе разбере целото месно и локално население за нашите проблеми. Можеби е жално што последиците ќе ги разбере и локалната бизнис заедница. Но мораме да се одлучиме на радикализам, вели Рубин Талески од месната заедница Оревоец.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ! Магла со видливост до 50 метри има во Прилеп, Битола, Кичево и во Македонски Брод

Пела Редакција

Прилеп: Tел.број за матичните стоматолози да најават пациенти во ИСП

Гордана Цветаноска

Не се може без „Мајмуни“ и „Маркови внуци“во Порто !!!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе