11.1 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

Гори Дабничко, Радобил и Секирци – прилепските пожарникари на 3 фронта

Попладнево пожар Дабничко, над споменикот, над селото каде гори нискостеблеста деградирана шума. Пожарот е видлив од Прилеп. „Екипа на Територијалната противпожарна единица е на терен со 10 пожарникари, интервенираме попладнево, нема опасност по објектите во селото.

Денеска голем пожар и кај селото Радобил каде интервенираа трите ер трактори и пожарот е ставен под контрола. Екипи на ТППЕ Прилеп интернвенираат и во близина на селото Секирци,“ вели Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп кој вели дека е вклучен целокупниот потенцијал на противпожарната служба.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески вечерва упати апел до граѓаните :

„Упатувам апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа. Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови . Нашите противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија. Прилепската територија е една од најголемите во Република Македонија и потребно е нашите екипи да бидат максимално ефикасни и безбедни во својата работа. Секоја помош и поддршка за нашата Територијална Противпожарна Единица е од огромно значење во овие моменти. Да бидеме совесни и одговорни! Заедно можеме да ги заштитиме нашите домови, нашите семејства и нашата заедница од потенцијалните опасности.„-напиша градоначалникот на својата ФБ страна .

Би можело да ве интересира

ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од првиот национален саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата”

Гордана Цветаноска

Ќе се спречи пропаѓањето на „Св Ѓорѓи“ во Курбиново ,Преспанско

Елизабета Филипоска

20 години “Матадор 2002 ”најсовремен салон за автоделови во Македонија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе