11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Полициска хроника: приведен разбојник од Прилеп, неколку пријави за физичко насилство

  • На 27.09.2024 во 14.00 часот на улица „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ѓ.Ш.(29) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
  •  На 27.09.2024 во 16.00 часот во ОВР Прилеп, Г.Ш.(55) од Прилеп пријавил дека на улица ,,Прилепски бранители” во Прилеп бил физички нападнат од Г.М. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
  • На 26.09.2024 околу 15.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М.(52) од Прилеп, вработен во Шумска полиција, пријавил дека, додека со негов колега чекале нарачани сендвичи во угостителски објект во Прилеп, Д.К од Прилеп незабележано му го извадил пиштолот од појасот и надвор од објектот ги испукал сите куршуми во воздух. Според пријавеното, тој веднаш му го земал пиштолот, при што Д.К. му се заканил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
  •  На 27.09.2024 во ОВР прилеп било пријавено дека во 13.30 часот на ул„ Борка Утот“ во Прилеп,  Б.К.(22) од  Неготино и  В.Н.(21) од с.Мало Коњари, прилепско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Крушево донесе одлука – забрана за движење во шума се до крајот на кризната состојба

Елизабета Филипоска

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ : Под стрес , под терапија ова лесно не се пребродува – членовите на четирите семејства апелираат за помош (ВИДЕО + ФОТО )

Прилепчанка нападнала полицаец

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе