29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прва среќа за Предраг Будиноски – Пепи во Мало Коњари

Во храмот на Пресвета Богородица Мало Коњари свеченостите по повод големиот православен празник Богојавление Водици започнаа со утрена богослужба во присуство на голем број верници. Од 9 часот во базенот во дворот на црквата се одржа положувањето на чесниот крст во водите, при што што  учествуваа 8 млади верници.

Годинава најсреќен беше 16 годишниот Предраг Будиноски – Пепи кој го извади чесниот крст од водите на базенот. Тој посака здравје и среќа, а доби благослов и пригодни подароци од градоначалникот Борче Јовчески, претседателката на Совет на Општина Прилеп Ирена Стерјоска и од управниот одбор на црквата „Пресвета Богородица“ Мало Коњари.

 

Во тремот на црквата и годинава се одржа традиционален собир и ручек на мештаните и гости по повод Богојавление Водици.

Би можело да ве интересира

Се враќаат препораките за носење на маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз

Привршува проценката на штетите од невремето од 23 јули во прилепско

Општина Прилеп ги награди најуспешните ученици од основните и средните училишта

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе