1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Жељко Јоксимовиќ на третата вечер од Пивофест

Балканската мега ѕвезда Жељко Јоксимовиќ ќе биде во центарот на вниманието за време од третата фестивалска вечер која се очекува да започне на централната бина од 21 часот.

На неговиот концерт ќе им претходат настапите на Фортисимо бенд, Некст Тајм и Џенан Лончаревиќ. Инаку ова е второ гостување на популарниот Јоксимовиќ на Пивофест по оној незаборавен концерт кој што одржа во 2012 година.Инаку, синоќа фестивалот на пивото и скарата беше во знакот на групата Ван Гог, но и настапите и рефрените на Дарио и „Миг 21“, а атмосферата кулминираше со настапот на Црвена јабука.
Забавата продолжи до раните утрински часови со Ди џеј Мозел, кој приреди вистински диџеј сет.
„Пивофест“ досега поминува во најдобар ред, без никакви инциденти, што секако се очекува и за преостанатите две вечери.
Кулминацијата на фестивалот по традиција се очекува на последната четврта вечер за кога централно место ќе земе настапот на балканската фолк музичка ѕвезда Шабан Шаулиќ кој за прв пат настапува на Пивофест во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден мотоциклист при судар со автомобил

Jавна дебата за жителите од Општина Кривогаштани

Гордана Цветаноска

ФИРМА од Марибор (Р.Словенија ) бара градежни работници за работа во Белгија

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе