29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Инженерите ќе бараат фер фактурирање на струјата од Регулаторната комисија

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) денеска ќе одржи средба со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, за да ги изнесат своите забелешки за, како што велат, штетните практики во фактурирањето на електричната енергија.

Од здружението истакнуваат дека ќе бараат: Укинување на проценетото фактурирање, Воспоставување фер и транспарентен систем на наплата, Решение за случаи кога операторот не ги отчитал мерните уреди навреме.

Дополнително, инженерите ќе ја изразат својата загриженост за непристрасноста и независноста на членовите на РКЕ, посочувајќи дека неправилностите се присутни уште од воведувањето на блок-тарифите во јули 2022 година.

Реакцијата на ИНРМ е поттикната од големиот број поплаки од граѓаните за нереално високи сметки за струја. Анализирајќи ги законските регулативи, утврдиле неправилности и поднеле претставки за нивно надминување.

РКЕ на 20 март одржа подготвителна седница, на која предложи измени на правилата за снабдување, со што повторно се овозможува проценето фактурирање, велат од здружението.

– Оваа практика не е предвидена со Законот за енергетика, а носи финансиска штета за потрошувачите и дополнителни приходи за операторот.

Од ИНРМ најавуваат дека ќе реагираат и на постапката за свикување на подготвителната седница, тврдејќи дека истата е спроведена спротивно на законските рокови.

Извор: Рацин.мк

Би можело да ве интересира

Водата за пиење во с.Алинци и с.Подмол е небезбедна за пиење

Стерјовска: пожарот во Мариово има размери на „чудовиште“!

Се виткаат посните сарми.Прилеп ги почна подготовките за прославата на патрониот празник на градот „Св. Никола“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе