30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Бројот на случени сообраќаjни незгоди загружувачки

Бројот на сообраќајни незгоди случени на патиштата во државата е загрижувачка. Имено, во периодот 2020-2023 година се случиле вкупно 31.176 сообраќајни незгоди, од кои
15.724 се со потешки последици, а загинале 457 лица, пишува во Ревизорскиот извештај на ДЗР.

Национална стратегија за безбедност во сообраќајот на патишта донесена 2015-2020,
имала за цел:

– бројот на жртви на сообраќајни незгоди до 2020 година да се намали до просечниот
број на жртви во земјите-членки на Европската Унија;
– бројот на жртви – млади возачи да се намали за 30%,
– бројот на сериозно повредени да се намали за 40% и
– бројот на деца- жртви на сообраќајни незгоди да се сведе на нула.

Но,  бројот на жртви во сообраќајните незгоди за 2020 година не е намален до предвидениот просекот во државите членки на ЕУ; напротив, бројот на сериозно повредени лица во 2020 година изнесувале 801 лице и не е намален за 40 % во однос на 2009 година кога истиот изнесувал 985 лица; ,ниту бројот на деца – жртви во сообраќајот не е постигната и истиот во 2020 година изнесува 8 лица .

Анализите на податоците упатуваат дека сообраќајните незгоди  најмногу  се случиле дење (59%), при добри атмосферски услови/сончево време (45%), на улици во населени места (63%) и на сува површина на патот (79%), што укажува на тоа дека условите на патот не се главна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди.Најчеста причина за сообрајќани несреќ од 2019-2023 година се однесувале на: брзо возење, поминување на затворен сигнал, неправилно престигнување и недавање првенство на минување.

Најголем број сообрајќани незгоди се случиле на територија на СВР Скопје-41%; СВР Тетово- 14%; СВР Битола и Охрид – 9%, Штип-8%, Куманово-7%, Велес и Струмица-6%.

Би можело да ве интересира

Прилепски дилер приведен во обид да се ослободи од дрогата

Поради примање поткуп приведена е земјоделска инспекторка од Прилеп

Изгоре плевна со 600 бали тутун во с . Норово, крушевско. Материјалната штета проценeта на 15.000 евра

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе