30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Половина македониски градови утрово без струја, меѓу кои и Прилеп

Два часа прилепчани останаа без струја ова утро. Околу 5 часот до 7 часот, прилепчани беа без струја, а некаде еден некаде, два часа снемало струја и во Скопје, но и во  Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Кичево, Гевгелија и Куманово.

Според МЕПСО, државната компанија за пренос на елетрична енергија во раните утрински часови поточно во 5 часот дошло до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа, а дел од градовите повторно струја добија во 6 а останатите околу 7 часот утрово.

„Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици. Станува збор за реигонален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината.“се вели во соопштението на АД МЕПСО.

Во соопштениото од АД МЕПСО се вели дека напојувањето со електрична енергија во државата е нормализирано од каде велат и дека преку реализација на нови инвестиции во соработка со соседните преносни оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван.

Би можело да ве интересира

„Маркови Кули Трејд„ крадел вода – ЈКП „В и К„ оштетено за 44.200 евра

Прекин на водоснабдувањето на повеќе прилепски улици

Пела Редакција

Со само 11 години прилепското момче е најмладиот билијард натпреварувач на јуниорското ЕП во Словенија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе